[Achkoe]Патот до Успехот

Day 1,828, 10:07 Published in North Macedonia Montenegro by Kate N
Музичка подлога

Оваа статија ја пишувам инспириран од две личности кои повеќе за жал не се дел од играва, Pljakot и Kika Mladenovska.Двајцата во своите весници кои што ги разгледав пишуваат за силна Македонија и патот кон нејзиниот успех.Воодушевен од тоа нивно тогашно размислување решив да ја напишам статијава.


Во нашава ни мила држава Македонија,ние Македонците патиме од комплекс некој тоа е факт.Секој за некого е препаметен,и секој за некого е глуп.Секој на некого му се прави паметен и му попува што треба да прави.Иако можеби тој секој е навистина попаметен од некој, не му дава за право да го навредува и омаловажува.Секој си има право на свое мислење и треба да си го каже,а од слушањето на туѓи размислувања можеби само да се добие,а не да се изгуби.Како рекле старите,две или повеќе глави се попаметни од една.Затоа треба секогаш да се почитува и сослуша туѓото мислење,и на оние кои што те навредуваат да не им враќаш со лошо,туку со убаво со што ќе ги заќутиш веднаш.


Понатаму би сакал да ви кажам за тоа што ја красеше на почетокот нашата држава,и каков беше патот до создавањето на Македонската Империја.На почетокот владеше анархија,сите правеа што сакаа,гледаа да му наштетат на некому и да извлечат што поголема корист за себе.Работеа со помалку здравје ( порано тоа влијаеше врз продукцијата во фирмите ), пукаа за БХ без разлика што со тоа и одмагаа на државата(нешто што се случува и денес) , доаѓаа на chat само кога ќе требаше да земат оружја и да остават линк од својот весник за претплата.Сево ова се случуваше на самиот почеток,а ова ни се случува и сега.Но тогашните луѓе не се откажуваа од идејата за Силна Македонија,не се откажуваа и не се предаваа на Бугарите кои тогаш ни беа непријатели.Тие заедно се бореа за да создадат дисциплина и слога меѓу народот.Се разбира и тогаш имаше сомнителни потези од Владата , но тие не влијаеа врз слогата на народот.Иако се случуваа многу работи ние бевме обединети и сите со пеперутки во стомакот чекавме да се издаде наредба за 2-3 убиства на Армискиот канал.Сите ние заедно ја прославувавме секоја победа,но и заедно тагувавме при секој пораз.Но никогаш не се откажувавме.Дојдоа и нашите 5 минути,дојде времето кога целиот труд вложен за да се создаде слога и единство се исплатеше.Дојде времето кога ги држевме и Италија и Грција под окупација повеќе месеци.Но тогаш никој не жалеше за испуканото здравје,за испуканите чоколада и базуки,никој не чекаше најпрвин да му се прати оружје за да пука за својата татковина Македонија.На никој не му беше дојдено до тоа жолтото што сјае и не е ниту приближно вредно колку победа на нашата земја.


Јас знам дека времињата се сменија,дека играта го изгуби стариот шмек но мора да признаеме дека и ние не сме истите.Повторно се вративме на самиот почеток кога во државата ни владее анархија,кога секој си прави што сака.И порано го имавме ова,но се справивме успешно.Зошто тоа не би го направиле и по вторпат ? Зошто не му дадеме шанса на било кој Претседател ? Можеби во некој од наредните се крие нашиот нов херој,нашиот нов Струмјанин ? Кога сме сложни и дејствуваме како едно тогаш и желбата е поголема.Чим нешто посакуваш многу,верувај дека тоа ќе се оствари.Да се обидеме уште еднаш и да му покажеме на светот дека Македонците се единствени и непобедливи.


Тежок е патот до успехот,тој е исполнет со дупки и разни препреки.Ние еднаш го изодевме,би можеле и вторпат.Го повикувам секој Македонец и Македонка да придонесе за подобра и посилна Македонија со својата дисциплина и сложност.

ЗАЕДНО СМЕ ПОСИЛНИ ! СЛОГАТА,ЖЕЛБАТА И ДИСЦИПЛИНАТА СЕ ОНА ШТО НИ ТРЕБА !!!!

Ваш Почитуван,
Achkoe




За шаут: [Achkoe]Патот до Успехот
http://www.erepublik.com/en/article/2161381/1/20