ПЛАН НА АКТИВНОСТИ за наредните 3 дена [од утре ;) ]

Day 1,173, 15:13 Published in North Macedonia North Macedonia by Strumjanin

Почитувани,


Ви се обраќам уште денес од мојот личен весник и во наредниот месец ќе ги добивате моите обраќања само преку службените гласила.

Иако изборите официјално не се завршени, резултатот е јасен. Сакам да Ви се заблагодарам за искажаната доверба. Ќе се трудам да ја оправдам во целост.

Додека го пишувам ова, битката за Западна Македонија уште трае: Ве повикувам да го дадете својот максимум вечерва. Останете до покасно, дојдете на чат, и при крајот на секоја рунда - удрете по неколку пати. Ослободувањето ни е врвен приоритет !


Ви го презентирам планот на активности во следниве три дена:



Министерство за Економија


Министерот Kpakep4e има за задача да подготви детален извештај за сите државни организации, фирми и сметки кои ги поседува еМакедонија. На тој начин, за три дена, во контакт се претходната администрација, ќе се добие јасна слика за моменталните состојби. Врз база на таа добиена слика – ќе се постават наредните приоритетни активности во економијата.

Покрај сопствениот тим, на Министерот му ги доделувам и следниве помошници пријавени на формуларот: Aleksandar MK, Nikic MKD и Dejan Stojanov. Ве молам да го контактирате со цел да се договорите како и колку би му помогнале.


Министерство за Финансии


Министерот Good beer има за задача до подготви јасен прегледен ексел документ во кој ќе се заведуваат сите приходи и расходи. Оваа министерство ќе води евиденција на сите државни пари, како биле добиени и како потрошени. Секоја трансакција на државни пари ќе мора во порака да му се испрати на Good beer. Тој до мене ќе доставува неделен извештај за сите државни средства (пари и залихи во оружје и храна).

Покрај сопствениот тим, на Министерот му ги доделувам и следниве помошници пријавени на формуларот: Solarcraf, Davor Pehcevski и Nikola Janevski. Ве молам да го контактирате со цел да се договорите како и колку би му помогнале.


Министерство за Информации


Верувам веќе ја видовте нивната статија.


Покрај сопствениот тим, на Министерот му ги доделувам и следниве помошници пријавени на формуларот:Ungrateful girl, Kikojumkd, Jovicaaa и Borce MKD. Ве молам да го контактирате со цел да се договорите како и колку би му помогнале.


Министерство за Одбрана


Министерот Ionut_Cristian до вторник ќе ми достави детален извештај за состојбата во АРМ. Веќе е активиран тим на советници. Дури потоа ќе влеземе во планирање во кој правец ќе ја развиваме Армијата. Дебатата е отворена.


Покрај сопствениот тим, на Министерот му ги доделувам и следниве помошници пријавени на формуларот:Branko 82, DarkoG, Pljakot и Maked0ner. Ве молам да го контактирате со цел да се договорите како и колку би му помогнале.


Министерство за Образование


Почнувајќи од утре, целта на ова Министерство и PhoenixMK е нон стоп во Топ 5 вести да има еден туторијал, без разлика дали е стар или нов (за новите играчи секако дека е нов).
Додатно, да се одредат дежурни на каналот за нови играчи.

Покрај сопствениот тим, на Министерот му ги доделувам и следниве помошници пријавени на формуларот: NightWolfMK, Pance Isajeski и TosheMK. Ве молам да го контактирате со цел да се договорите како и колку би му помогнале.


Министерство за Здравство


Првата дама Министер во еМКД Dance Kovacevska врз база на системот составен од нејзиниот претходник, има за цел да ми постави предлог буџет во ексел табела за наредната недела. Така ќе можеме да испланираме колку и каква помош ќе биде доделена пред се на помладите.

Покрај сопствениот тим, на Министерката и ги доделувам и следниве помошници пријавени на формуларот: Alexander III Macedonian, Ilija 93 и Felllix. Ве молам да ја контактирате со цел да се договорите како и колку би и помогнале.


Секторот за правни акти на еМакедонија ќе го води Vasil Cakalarov. Нему како помошници му ги доделувам John Ugrin, Xrardiom i brsja4e. Ве молам да go контактирате со цел да се договорите како и колку би му помогнале.


Министерство за Надворешни работи


Планот за надворешни работи ќе биде наскоро презентиран од United Macedonia. Тандемот за надворешни ќе го дополнува Drashhh III Makedonski. Ова е министерството за старите волци. 🙂
Покрај сопствениот тим, на Министерот му ги доделувам и следниве помошници пријавени на формуларот: Daniel Nikoloski5, Rizlovsky, Xanidrar и MacedonianKnight. Ве молам да го контактирате со цел да се договорите како и колку би му помогнале.


Право на секој Министер е кого и колку ќе го инволвира во активностите. Сите останати заинтересирани Ве поттикнувам да го контактирате соодветниот Министер каде би сакале да помогнете.


Нека ни е аирлија на сите !

Ви благодарам уште еднаш на довербата.

Поздрав од Струмјанин