Прва авио поделба + промени [МЗИ]

Day 3,711, 02:55 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Informiranje


Здраво на сите.

Помина првата недела од како проектот за авијацијата е активен и сега треба да се сумираат првичните резултати.

Оваа недела и покрај сите апели до командирите да поднесат пријава на своите авио борци само 5 единици се пријавија на повикот: ArMakedon, Demons Red Squad, Macedonian Army, Macedonian Sky Squadron и I Proleterska.

Од овие 5 единици апсолутени рекордери се Macedonian Sky Squadron со над 18к убиства, како и тоа дека нивни играчи го окупираа топ 3 ранкингот. Честитки до нив и предизвик за останатите единици да се борат оваа недела и да ги надминат.

Вкупно за оваа поделба се искористија 97.445 денари, а целиот извештај можете да го видите тука.



После поделбава ќе има некои промени во системот кој и на почетокот напоменав дека ќе претрпи промени бидејќи ова е прв пат ваков проект да се воведе и нормални се модификации.

Прва промена ќе биде таа што овој пат нема сите да добиваат пари за убиства туку само оние кои ќе направат минимум 100 убиства во текот на неделата. Оваа недела сведоци бевте дека и на играчи со по 20 убиства им се подели рефунд. Следната недела ова нема да важи и рефунд ќе добиваат играчи само со над 100 убиства ќе добиваат исто по 3 денари.

Втора промена е таа што поделбата ќе се врши по 100ки и тоа на следниов начин:

- доколку играчот испука 349 убиства ќе се рачуна како да испукал 300 убиства и ќе добие 900 денари рефунд, додека во случај да испука 351 убиства ќе се рачуна како да испукал 400 убиства и ќе добие 1.200 денари.

Значи границата е 50 во случајов и се заокружува бројката на 100ки за полесно пресметување.

Оваа недела овој начин на рефундирање ќе биде на сила и мора да се вршат промени за да се пронајде вистинската формула. На крај повторно ќе напоменам командирите да ми доставуваат сс од бројот на убиствата на нивте борци кои имаат ранк до Wing Commander секој вторник.

Искрено ваш

Little Beast