Завршно Претседателско Обраќање [СудакаМКД]

Day 3,548, 07:15 Published in North Macedonia North Macedonia by Narodna Banka na Makedonija


Мои драги Македонци,

Време е да кажам збогум на мојот мандат, кој беше исполнет со нови искуства за мене, особено поради разликата во временските зони!!!! 🙂
Шегите настрана, навистина сум благодарен за овој период и за помошта од секој еден од вас. Мора да разберете дека без помошта од сите вас, нашата земја ќе страда. Ако ја сакате својата држава, тогаш мора да бидеме обединети!

Во политички аспект, потпишавме ново МПП со Полска и се надевам дека ова ќе биде почеток на едно ново и големо пријателство.

Во воен аспект, ги победивме сите наши битки, секогаш кога имало отпор во некое востание, ние храбро се боревме, и нормално, немаше да успееме без ВАША помош!

Навистина се извинувам ако чувствувате дека има недостиг од комуникација од моја страна, вистина е, јас сум човек со малку зборови, но секогаш кога зборувате со мене во приватна порака, добивате одговор.

Околу парите, потрошено е многу овој месец, најголем дел од мои приватни средства, пари беа користени исто така за отварање дневни востанија кај јужните и Египет, како и за Комбат Ордерс, и тврдам дека дека немаше несовесна употреба на средствата од државата. Како и да е, ако некој од вас мислат дека недостигаат пари, известете ме со приложени докази, и јас лично ќе ги надоместам парите од мои лични средства, во државниот трезор.


За крај, во единството лежи силата на една нација, не го заборавајте тоа!!



Со почит,
СудакаМКД
Ака Конкерор69
Претседател на еМакедонија