Народноослободителни движења [МЗИ]

Day 3,346, 07:07 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Informiranje


Поздрав народе.

Во последниве недела дена се крена голема прашина, незадоволство, нетрпеливост, тролање, па дури и навреди и закани на лична основа, нешто што многу пати досега сме го виделе и можам да кажам дека овој пат поминува во најмал степен.

Причините за проблемите дојдоа од играчи кои се почувствуваа лишени од ци*ката на маИка Македонија, зачитено со доза на носталгичност, проткаена со високо ниво на хормонална неизбалансираност, и длабоко и најсмртоносно колнење на туѓината и судбината за моменталната локација, поради неможноста да бидат информирани за регионот и времето на кревање на одредено востание.

Не можејќи да гледамe што по ѓаволите се случува и како нетрпеливоста полека достигнува врв, решивме да најдeме решение на проблемот околу востанијата. Во мојата претходна статија во последниот пасус упатив апел до играчите кои се активни и со наше ЦС да ми се обратат на ПМ за да бидат вметнати во координативни пораки. Како што изминуваше времето сфаќав дека координативни еРеп пораки се тотално демоде и на темелот на огромна дисфункционалност и селективност.
А и да бидеме реални време беше да фатиме чекор со останатите земји.

Затоа најдовме модерно решение кое ќе биде достапно за играчите и ќе чувствуваат поголема удобност и навремено да бидат информирани.

Решението се вика Discord канал.

Што е Discord?

Discord е поново, модерно, софистицирано, достапно и функцинално решение кое го заменува ризонот. Значи нов сајт за чатување, каде пред скоро време Македонија креираше свој Discord канал.

Зошто Discord, а не координативни пораки?

Сега ќе ви ги наведам причините кои не мотивираа да се изврши ваков начин на известување:

Доколку се креираа координативни пораки во нив секогаш ќе беше некој изоставен кој ќе тврдеше дека е активен и дека треба да биде во пораките за да добие инфо. На овој начин, секој кој е активен може да влезе на каналот и да добие точно, навремено инфо за следното востание.

Discord исто така има поголема достапност и од координативни пораки, поради фактот што тој можете да го спуштите во компјутер и да го користите како програма, како апликација за мобилен телефон или да го користите преку интернет прелистувачот. Значи, на вас е да одлучите како ќе го користите каналот.

Едно од најголемите поволности што според мене е доста битно, е тоа што ќе се избегнат непотребните спам пораки или некои лични судири во групните пораки кои доста често сме ги среќавале. Значи на каналот е уклучена опцијата MUTE што значи само владини членови ќе може да пишуваат т.е. споделуваат инфо.

Како се користи Discord?

Потребно е да КЛИКНЕТЕ ТУКА, и ќе треба да креирате профил, постапка која одзема две минути и е многу едноставна. После креирањето на профилот вие веќе сте дел од Македонскиот Discord канал.

Еве како тоа изгледа.



Доколку погледнете лево од делот каде се разменуваат пораки, можете да ги забележите под-каналите во случајов се #naredbi_orders и #rw_info.

И уште една поволност.

Со секое ново влегување на каналот имате можност да ги прочитате пораките кои биле разменети додека вие сте биле offline. Значи секогаш можете да бидете во тек со дискусиите на каналот.



(селектиран е делот #naredbi_orders и веднаш ви дава опција да прочитате што сте испуштиле)

Еве како ќе изгледа инфо за востание:



Селектирате под-канал #rw_info и веднаш ви се отвара чат каде ќе ги пишува регионите каде ќе биде следното востание.

Кој ќе може да гледа инфо за востанијата?

Инфо ќе може да гледа секој играч кој е од Македонија, значи е исклучена опцијата играч пример од Германија да може да влезе во под-каналот.

Се надевам дека ви се допаѓа нашето решение и на овој начин конечно ќе ги надминеме несогласувањата околу тоа кој ќе биде ,, привилегиран’’ да добие инфо. На овој начин секој активен играч кој ќе прати што се случува ќе може на многу лесен и едноставен начин да дојде до посакуваното инфо. Е сега дали ќе успее да поддржи востание зависи од него самиот.

Што со веќе креираните пораки?

Тие потполно ќе бидат запоставени, нема повеќе таму да се споделуваат информации за востанија.

Повелете сите на официјалниот еМакедонски дискорд канал
https://discord.gg/xp3aTKC


Министер за Информирање

akconel