Последно Претседателско Обраќање [Рагнар]

Day 3,184, 04:23 Published in North Macedonia North Macedonia by Narodna Banka na Makedonija



Краток флешбек за месецов:
Прво Обраќање- Day 3,159
Второ обраќање- Day 3,172
Phoenix - eRepublik version - Day 3,173
The eRepublik Cinderella - Day 3,165


Поздрав еМакедонијо.
Прво, сакам уште еднаш да се заблагодарам на вас, за вашата доверба што ми ја доделивте по прв пат да ја водам нашата е-земја.

Ме знаевте како антиАстерија играч, создавав видеа, шаутирав што се не... НО сето тоа не водеше никаде. Ми светна кога нашиот верен сојузник Чиле не извисе и заминаа во хрватскиот сојуз сами. Иако одсекогаш знаев дека природно не припаѓаме на истата страна каде Грција заедно со Хрватска се однесуваат хегемонски тоа ништо не се промени се до сега.


Слетавме Аргентина, ја окупиравме. Америте ги одбивме. Да, ние бевме Пепелашка на балот. Тогаш почна се..

За почеток се доближивме кон Орион државите. Тешкиот старт беше со Литванија, потпишавме МПП со нашиот стар сојузник. Потоа следеше Куба, Холандија, па пративме МПП кај Србија, Иран ни прате нас, следеше МПП-то со Франција. МПП листата драстично ни се подобри. Војната од Јужна Америка се префрли на Балкан. Ние заедно со Бугарија водевме спектакуларни кампањи. Бугарија стана Империја за прв пат.


Во врска со оставката на Ладу:

-Се извинувам што не бев активен како што рековме пред тоа.

-За во Орион никогаш немав план да одиме таму, само дадов мислење за соработка со нив. Никој не сака да биди во некоја второкласна алијанса. Денес гледаме каде не донесе таа соработка со нив. Ние во тимот гледаме каква помош ни нудат, помош која одамна не ни била понудена од нашите стари сојузници.

-АС-от над Аргентина никогаш не го одлучив јас сам. Зборувано беше долго и имаше амин од доста луѓе. Никој никогаш неможи така да направи како што опиша ти. Да стани од спијање и да ја нападни Аргентина...иако немав подкрепа кога ме обвини од тие луѓе не се лутам тоа е тоа.

- Србите и Романците херојски улетале и не спасиле. Точно за тој херојски потег (за кој длабоко им благодариме) на Рагнар му требаа 2 дена сам да одлучи дека треба да им пушти МПП на Србија и веднаш клекна да пуши.
За мене ова е пушење http://www.erepublik.com/en/main/law/Republic-of-Macedonia-FYROM/163522
http://www.erepublik.com/en/main/law/Serbia/163523
Сега бевме пред бришење... Ние на Србија, Иран нас. Но крив сум признавам, требаше да пишам во групата. ИЗВИНУВАЊЕ И ТУКА!


-Народот бара МПП-а. Да така беше, на народот мислам како ХЛ и НЕНО такви личности, ама не вадам скриншотови од пораки јас.

-Тогаш веќе сватив дека јас и Северрус испаднавме крпите за бришење под.
"Јас сум слободен, се ќе правам, а вие ќе ми помагате само."
-Не. Никогаш немав таков план. Народот знае дека сум бил онлајн и по 24 сати. Но ете така се случи иако бевме договорени со тебе заедно да тераме јас бев многу послабо активен. ИЗВИНУВАЊЕ И ТУКА!


-ОКОЛУ СОСТАНОКОТ СО БУГАРИЈА, ЧИЛЕ, ШПАНИЈА. Чилеанецот 10 пати повторуваше како тоа се против Астерија. Да повторуваше и каде ја гледавте иднината во тој сојуз не ми е јасно. Во неутралниот сон како што бевме пред година, цело време не земаја здраво за готово и бевме избришани. Значи мора да земиш страна такви налудливи идеи како тоа сите ќе пукаат за нас а ние ќе бидиме неутрални не бидува. До вчера плачевме само некои држави како Романија и Србија да не пукаат против нас а денес пукаат за нас. Србија никогаш неможиш да ја натераш да се спушти на земја пошто веќе го направи тоа на некој начин. Ставање КО, Пукаше јако за нас тоа е тоа пушење што го нарекуваш ти.
Планот на Србија беше ние поради блискоста со Чиле да го земиме со нас заради ноќнио демиге кој и е премногу потребен на Астерија.


-П.С. Честито медалче 😉 Ако ми беше за медалче ќе си платев некоја симболична пара во Тумбузија и ќе си го земев.

Па прво и најважно сакам да и се ЗАБЛАГОДАРАМ на Furious Lady која од самиот почеток несебично се зртвуваше и себе и своето време. На моменти кога јас бев по свадби, по археолошки ископувања, по веридби, по решавањето на спорот со името.. она го превземаше товарот на своите плеќи и ја вршеше и мојата работа. Затоа ти Благодарам уште еднаш! Иако засекогаш го сменавме нашиот однос.

На второ, но не и поневажно, сакам да му се ЗАБЛАГОДАРАМ на Severrus Snape истотака за несебичната подршка и помош, неговите дипломатски и воени знаења тешко кој ги поседува во нашава еЗемја па затоа давам предлог тој да биде ДИКТАТОР.

На трето место, исто така премногу важно за мене е и мојот Министер за Информирање и тролање(укажување на грешките) akconel кој беше еден вид и советник и министер. Затоа и тебе ТИ БЛАГОДАРАМ од се срце иако си најголем мрчатор.( И да излезиш и ти салам некогаш да се опијаниш и да бркниш нешто, ЛЕТО Е)

Исто така сакам да му се ЗАБЛАГОДАРАМ на целиот КОНГРЕС кој беше максимално професионален и без кој ништо од сето ова немаше да биде сработено !

Исто така да му се заблагодарам на хурото, на Саинт исто и на мојот МОД кој не го ни прашав дали сака да биди МОД. ФАЛА СТОЛЕ!

-тоа е тоа премногу закаснав со статијава но спорот со името мора да се реши!

Штафетата е предадена на НЕНОДС,
честито до него!

МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!


Со почит ваш