ВЕЧНА ТИ СЛАВА КАПЕТАНУ СИНИША СТОИЛОВ !

Day 2,762, 15:12 Published in North Macedonia North Macedonia by Persej Makedonski


СПОДЕЛЕТЕ ВО ЗНАК НА НЕЗАБОРАВ И ПОЧИТ

На денешен ден пред точно 14 години (10.06.2001), кај кумановското село Оризаре загинува капетанот во АРМ СИНИША СТОИЛОВ († 36) од 120мм граната испукана од страна на терористите на ОНА.






БИОГРАФИЈА

Горди и среќни беа со својот татко синовите Стојмен и Ненад, кои на Синиша и сопругата Љубинка им беа најголемото богатство. Се беше подредено за нивно безгрижно детство , убава младост и остбарување на саканата перспектива.

Редот и дисциплината претствуваа семејна одлика и само дел од војничкото воспитување и домаќинското однесување кое родителите го пренесуваа на децата. Синиша за своите тешки, одговорни и неизвесни обврски и се доверуваше на сопругата Љубинка која на секоја разделба и испраќање на работа, ќе му пожелеа среќа и побрзо враќање дома бидејќи го чекаат сите.

На 10 јуни 2001 година настрада кај селото Оризаре на 36 годишна возраст, како капетан кој беше верен Бранител на својата земја. Со тагата остануваат спомените и неговите наследници, горди на својот татко!

Денес во неговото родно село Зрновци постои школо кои го носи неговото име.

ВЕЧНА ТИ СЛАВА КАПЕТАНУ !