Џон Ленон е жив и уапсен во Бразил?!

Day 1,909, 04:05 Published in North Macedonia North Macedonia by Stoilkovski Darko

Бразилската полиција изминативе неколку дена се соочила со несекојдневни случаи, кои по малку ги збуниле сите. Имено, за само неколку дена полицајците уапсиле четворица криминалци чие име е Џон Ленон





Најмладиот бразилски „Битлс“ има 19 години, чие полно име е Џон Ленон Рибеиро Сикуера. Тој е уапсен кога се обидел да ограби една експозитура на државната лотарија. За разлика од него, 22-годишниот Џон Ленон Фонцеса Фереира, кој е еден од најбараните криминалци во Бразил, бил уапсен за време на грабеж на една приватна куќа. Неговиот генерациски побратим според името и според „занаетот“, Џон Ленон Камаргос Гомез е уапсен под обвинение дека убил пет лица. Покрај тоа, бразилските полицајци деновиве нашле и тело на убиен човек во еден автомобил и по идентификацијата се утврдило дека станува збор за Џон Ленон Себастијан да Силва.

Според некои психолози, зачестеното име на славниот некогашен водач на „Битлси“ меѓу народот во Бразил е одраз на големата популарност на ливерпулските „бубачки“. Тие сметаат дека родителите на овие бразилски Ленони своевремено биле големи обожаватели на „Битлси“ и поради тоа на своите деца им го дале тоа име.