Прва статија ... прва идеја

Day 1,904, 17:05 Published in North Macedonia Spain by Momcemakedonce10

Здраво еМакедонијо, здраво еВојници ...

Откако станав еВојник досега имам прочитано многу статии од кои можеше да се научи нешто за играта, нешто да те поттикне уште повеќе да ја засакаш... Штотуку ја креирав мојата прва статија, понесен од желбата да дадам некоја нова идеја и охрабрен од MM акцијата (link) на Sajrus. За да не изгледа се ова како една обична статија решив да дадам една идеја во врска со ударите кои ги организира нашата држава. Знаеме дека на секој играч се дели рефунд во зависност од тоа колку испукал, мојата идеја на сето ова е да се додаде и процент за зголемување на рефундот за оние играчи кои се редовни на удар. Пример: доколку играчот пука 5 пати по ред на удар, после 5иот пат да му се доделат +10% од рефундот што треба да го добие, така што процентот би се зголемувал според тоа играчот колку често се внесува на удар. Со ова би се зголемила редовноста на играчите за време на удар, како и поголема мотивација за да се испука што повеќе.

Незнам колку оваа статија ке успее да пристигне до следниот ЦП BucephalusIII се надевам или некој друг ама не би било лошо да биде прочитана ... Сепак прва статија ми е па би ве замолил за по еден суб. а не би било лошо и SHOUT.

за крај( на оваа статија) а почеток на уште многу о7