Македонија на светско!!!

Day 1,875, 07:53 Published in North Macedonia North Macedonia by Gjurcin vojvoda

Се ближи почетокот на Светското првенство во ракомет што ќе се одржи во Шпанија, како што знаеме Македонија е еден од учесниците на ова првенство, поради тоа решив да направам една статија, со цел накратко да се запознаеме со составот, натпреварите и местото на одигрување.


Нашата репрезентација ќе патува со следниот состав:

Голмани:
1. Борко Ристовски – Gummersbach
2. Никола Митревски – РК Металург

Пикери:
3. Стојанче Стоилов – РК Вардар ПРО
4. Никола Маркоски – РК Вардар ПРО
5. Ванчо Димовски – РК Металург

Десни крила:
6. Владимир Темелков – Basharage
7. Гоце Георгиевски – РК Металург
8. Златко Мојсоски – РК Металург

Леви крила:
9. Дејан Манасков – РК Металург
10. Гоце Ојлески – РК Вардар ПРо

Бекови:
11. Кирил Лазаров - Atletiko Madrid
12. Милан Левов – РК Металург
13. Мојсовски Наумче – РК Металург
14. Филип Миркуловски – РК Металург
15. Бранислав Ангеловски – Constanca
16. Филип Лазаров – РК Вардар ПРО
17. Велко Маркоски - РК Металург
18. Александар Јоновски – РК Металург

Селектор:
Звонко Шундовски

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ НА НАШАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА:
Група Б Севиља

12/01/2013 (сабота) Македонија – Чиле 15.45. час.
13/01/2013 (недела) Катар - Македонија 18.00. час
15/01/2013 (вторник) Македонија – Исланд 18.00. час
16/01/2013 (среда) Македонија – Русија 15.45. час.
18/01/2013 (петок) Данска - Македонија 20.15. час.

Македонија своите натпревари ќе ги игра во „Палатата на спортовите“ во Севилја. Се работи за објект изграден пред 24 години, но комплетно реновиран во 1998 година.

Најчесто е користена за кошаркарски натпревари, и во неа натпреварите ги игра кошаркарскиот клуб Севиља.Капацитетот е 9.500 места за седење, а дополнително можат да се обезбедат уште 1.000 монтажни седишта.