Виновници и (не)благодарници!

Day 1,519, 08:09 Published in North Macedonia France by Princess Emily

Уште од додавањето на еМакедонија на мапата, сме доживувале и победи и порази. Сме биле сами, сме добивале помош, сме плаќале... Сето тоа патешествие, датирајќи од нашите почетоци, само не направи побогати со искуство како една е-нација и е-држава. Сме почувствувале како е да сме на дното, и како е да сме на врвот. Како е да сме една голема е-Империја, каква што сме биле и во реалниот живот пред нашата ера. Во тие славни моменти, никој не бара виновници, туку секој ужива во моменталната позиција во која се наоѓа, а за која сигурно одредени поединци губеле денови не станувајќи од играва. И тогаш никој не кажува благодарам...
Од друга страна, кога се соочуваме со сосема спротивна ситуација, и сме на другата страна од тркалото, секој е виновен. Наместо да ја анализираме новонастанатата ситуација свесно, разумно, сите ние бараме виновници за неа. Бидете сигурни дека никој не сакал да дојде до тоа. При нашето последно бришење, сите меѓусебно бевме виновници. Секој го напаѓаше другиот, Македонец, затоа што секој го сметаше другиот до себе за виновен. Наместо да смислуваме планови и да следиме наредби, јас единствено што гледав е јавно предизвикување. Грешката не е во општеството, туку во нас поединечно. Ние не можеме да го искорениме Македонскиот менталитет “Јас не сум виновна/ен”, кој ни носи последици... Во моментите кога треба да имаме најголема сложност, ние сме најразединети како нација. Колку луѓе од минатата и оваа влада деноноќно висат на играва и трошат време само за да направат нешто, надевајќи се на подобро. Но, за кого? Зар заслужуваме? Интерно не можеме да се договориме и сложиме, ниту да следиме наредби, а очекуваме ОНЕ сојузот, со повеќе членки во него, да биде обединет?! Дали сте вие свесни колку луѓе бројчано влегуваат во сојузот?
Факт е дека единствено што можеме да го направиме ние е да работиме на нашите внатрешни односи. Кога еМакедонците ќе бидат сложни, и во победа и во пораз, тогаш ќе бидеме големи, без разлика на нашите територии. Токму тогаш ќе бидеме непобедливи и сите ќе ни се плашат. А не сега, кога себичноста владее...
Сојузот не е виновен, барем не во моментов. Ние очекуваме организирана помош од другите за нас, а самите не можеме да се собереме и да си пружиме иста. Да не споменувам за пружање на помош на сојузник. Кога веќе сум кај тоа... се сеќавате како ни беше кога не избришаа? Се сеќавате како е да си без ресурси или на само 1 ресурс? Се сеќавате како е да се борите сложно за слобода? Епа сега нас ни е редот. Вчера, конечно, се ослободивме и се вративме на мапата. Но, не заборавајте дека нашиот сојуз сеуште е во лоша положба. Ајде да помогнеме на наш сојузник во биткава http://www.erepublik.com/en/military/battlefield/20522 за Balearic Islands, кој е главниот град на еШпанија, воедно и нејзин последен регион. Наш сојузник се наоѓа пред бришење, да не дозволиме да ги дочека истата ситуација како нас! Веќе многупати сме го дозволиле тоа, ајде да не се повтори! Нека ни биде тоа топ приоритет, како што е CoD цел ден! Сите што имаат над 4k сила нека влезат на #ONE.RW на ризон, се врши поделба на тенкови. Да ја оставиме себичноста зад себе и да помогнеме на сојузник! Мора да дадеме нешто за да добиеме! А тие од 5ти наваму, секој ден ни помагаа! Имаа прекрасна претседателка која за жал немаше време да ги води и пушти закон за нејзина замена! За жал, следниот кој од денес ја води земјата дојде на 5 минути пред крајот на 9тата битка, кога резултатот беше 4-4 и му зема бх медал на играч кој имаше направено 1.5 милиони. Тоа се нарекува претседател?! Да им помогнеме како што ни помагаа нас досега. Сега навистина им треба нашата помош! Да и помогнеме на еШпанија, удри http://www.erepublik.com/en/military/battlefield/20522 !!!


+ околу мојата “печалба” за која одредени индивидуи коментираа.

Јас сум амбасадор во еШпанија и координатор на еМакедонските амбасадори. еШпанско државјанство ми беше навистина потребно за поуспешно извршување на мојата работа и го обезбедив. Но, вчера, веднаш по ослободувањето повторно земав Македонско државјанство и се вратив дома. Овде ме чекаат многу работи, како и помагање во мојата единица и во baby’s squad-от. Додека бев таму, цело време еШпанија имаше 1 ресурс, и пред и за време на бришењето на нашата еМакедонија, бидејќи главниот град, за кој денес се бориме, им беше постојано отсечен од преостанатите региони. Колкаво богатство мислите дека направив со 1 ресурс работејќи во q2 лебара? q1 ја продадов бидејќи немав доволно...
Не е тоа доволен доказ дека отидов таму поради политички, а не економски причини?
Размислете што пишувате пред да го постирате. Не пишувајте ништо без да знаете се за тоа за кое коментирате.

Важно е да сме Македонци, а какви сме всушност... подобро да не не знаат.

Со почит,
Емили