[Аминта] ЗОШТО ГУБИМЕ?!?!

Day 1,349, 08:02 Published in North Macedonia North Macedonia by Narodna Banka na Makedonija




мала анализа за честите порази...


Има повеќе фактори кои влијаат на нашиот голем пад еве дел од нив:

-Лето е! време на годишни одмори... луѓето не се замараат многу со играва, дел се по одмори а останатите не дремат многу пред PC (дво-кликаши). Ради ова и јас имав и сеуште имам голем организациски проблем со составување на тим од помошници. Со лежарноста на летото доаѓа и недисциплинираноста на нашата армија, слабата организација и малиот одзив на армиски канал од луѓе кои следат наредби каде и кога да се пука.



-постојани битки! ...пред 2 недели сите плачеа дека било досадно, дека треба да ја нападнеме Хрватска, Франција, некои дури летаа и на Србија... неколку дена по плачењето, влеговме во воја со Кипар (100 пати послаб од претходните 3 држави). Сега веќе две недели имаме “екстра забава“ со секојдневни 4-5 фронта. На моменти дури и со по 6-7 постојани битки секој ден. Сега кукањето не е дека ни е досадно туку дека сме губеле, ќе не немало, сме пропаѓале... човек да бара НЗС кај нашиов народ ќе се изгуби и себеси...Плачковци!!! 🙂

-Македонија без глауч! 🙂Обезглавената кокошка на Плато си поигра и со Македонија пе не обезглавија и нас на 3 дена - неосновано! (чиста местенка) ....сега нема којд а пушти напад, кој да намести КОД.... и еден борец помалце!

-Плато Штелува! Плато дополнително реши да си поигра со сите нас и да им помогне на ЕДЕН да се вратат на мапа за да има баланс - воведе мајсториски мисии со кои ОНЕ штетата се разлеа по цел свет, дели базуки каде треба 😉 (фрштат 5000 на секој втор удар каде треба да се потисне ОНЕ) + направи акција со златото која Грчките тенкови највеќе ја искористуваат (кај нас само 4-5 луѓе купуваат злато, меѓу кои и јас но по 30 мин од последната трансакција изедов бан)

-топката е тркалезна! се навикнавме псотојано да победуваме.... заборавивме како е да се губи. Сите летаа со умот дека Шиме, Аексил и МУдаш секој ден ќе тенкаат по 20-30-50 милиони и постојано ќе победуваме на сите фронтови - разбудете се од тој сон!


И покрај сево ова нашите порази се последица на нашата лакомост, не сериозност, не дисциплина и поголема пожртвуваност за сојузниците отколку за сопствената држава.

Зошто деновиве губиме ко грчка на повеќе фронтови?

На тие што сеуште не им е јасно ќе се обидам преку еден пример и едан слика да ви објаснам па кој сака да свати арно, кој не нека плука и натаму по претседателот 😉

Еве ви една слика во која направив пресек на статистиката од ЕГО сајтот за САМО ЕДЕН ДЕН (значи ова е капка во морето).... слободно проанализирајте подлабоко на сајтот во статистиките и по другите денови кога губевме и ќе ги најдете дури и поединците под име што си прават мераци надвор од МКД.

ЕДНА СЛИКА 10000000000000.... ЗБОРА!



Додека ние дома ја изгубивме директната битка и иницијативата од нападот на Грција во битката за Егејските Острови (каде направивме 4+ милиони штета), погледнете пола МАкедонија каде се фрлила вкупно 2+ милиони штета наместо да се бори да ја добиеме битката дома.


*напомена ова е само еден ден анализа (ден 1347) истото се повторува и во другите претходни и следни денови!


На крај можам да го поднесам мојот дел од вината за секој мој потег, но што станува со вашиот дел??? Кој е виновен што пола Македонија пука секаде освен дома? Може треба да земам еден стап и да тепам за дисциплина?! 🙂


Затоа ве оставам да ставите прст на чело и да помислите убаво - ЗА КОГО СЕ БОРИТЕ КОГА ПУКАТЕ НАДВОР ОД МАКЕДОНИЈА?!?


за крај еве ви една песна која ќе ви помогне во трезнењето - http://youtu.be/JCS6Bf_cg24


...поздрав до следниот Претседател на Македонија. нека челичи живци и нека стиска палци за по поволни состојби во Македонија 😉


HAUG!