Крив правеЦ

Day 1,256, 06:28 Published in North Macedonia North Macedonia by Moon Patrol

Сакам да го кажам моето видување на сегашната состојба во која се наоѓаме како еДржава.

Се си одеше добро до пред недела или две,кога одлучивме по наредба на ОНЕ,но и за некој наш интерес да го нападнеме Русе.Од таа војна која ја изгубивме не по наша вина туку по вина на ОНЕ се се сруши,а можеби е целата стратегија на ОНЕ која сигурно била добронамерна,заедно со нашите планови паднаа во вода.Таа битка според мене беше една од најголемите кои сум ги видел откога сум тука на еРепублик.Големи штети на двете страни ,но јас мислам дека ОНЕ и нашите сојузници не се потрудија доволно за да ни помогнат.Ние премногу се потрошивме,да не зборувам за случаите со ДекстерМКД и Зукомк кои фрлија огромни пари за да нешто испадне, но се беше без ефект.
Можам со сигурност да кажам дека ОНЕ не заеба.Кој сака нека се лути,но јас мислам дека тогаш ,а и сега сме посилни од ЕДЕН , но секогаш кога на нас треба да ни се помогне тогаш помошта или е мала или касно стигнува.Многу чудни работи се дешаваа во тој период во борбите на нашите сојузници за кои несакам да зборувам кога на пример Турција наместо да го освојува Кипар се бореше да тој остане целосен,наместо да ни помага нас,но се можеше да биде подобро ако повеќе не поштуваа и ни веруваа и не ценеа.Тие се наши најголеми пријатели и сојузници,но понекогаш и тие затајуваат.Но тие нормално си ги гледаа своите интереси,а ние како „шиптар на зебра“ се улетавме и лошо паднавме.
Е сега е „држ ме мајко“ работава.Од кај да се свртиме имаме РВ и напади од нашите непријатели и повторно немаме или имаме симболична помош од нашите „верни“ сојузници.Јас ја поштувам државава и по наредбите на нашиот врв се преселив во Умбрија,но и денес слабо работиме во борбите,а да не зборам за помош.Внатре сме поделени на патриоти и предавници и кој каде што сака мава.Нашите сојузници доаѓаат земаат БХ медал и си одат,еден по друг,а ние остануваме со куси ракави и со порази.Не сум песимист бидејки сепак ова е само игра,но сакам да го искажам мојот револт за нашите грешки.Исто така тука се и грешките со отстапувањето на реони на Словенија,која сега никаде ја нема, и давањето на територии на Италијанците кога можевме да ги збришеме целосно,но за тоа не ми се зборува зошто се е кажано.

Но, сепак да веруваме во подобра иднина и нека овој еден чекор назад ни биде како отскочна даска за да направиме два чекора напред.

Времето ќе покаже ,а дотогаш нека ни е вечна Македонија и еМакедонија.