Зошто сме толку неорганизирани и неинформирани.

Day 1,253, 06:18 Published in North Macedonia North Macedonia by Moon Patrol

Немав во план да пишувам нешто бидејќи се брзам за на работа ,но една работа ме испровоцира.

Денес имаме 3 војни.Русе како еден од најважните региони кои треба да ги освоиме,никако да го освоиме ,а ние непотребно се трошиме и правиме апсолутно непотребна штета во битките за Аоста во Италија и во Софија.Во овој момент ѕидот во Аоста е на 73% за нас, во Софија е на 99% за нас,а во Русе ние сме на 34%.
Па кај ни е паметот.Секогаш кога го напаѓаме Русе, Бугарите заедно со Италијанците дигаат една востание во Софија и едно до две во Италија.Дали ние нешто учиме од претходните војни.Можам да кажам дека НИШТО не учиме.
Кога планираме да го напаѓаме Русе мора претходно добро да се организираме внатре кај нас,да падне еден стабилен и цврст договор со нашите сојузници и да почнеме со војната.За овие востанија доволни се нашите цивили и 2-3 паравоени единици,а додека во Русе треба да се удри со цела сила и со помошта од сојузниците.Ние непотребно се трошиме и правиме штета во непотребни битки,а тука во Русе сме НУЛА.

Навистина сум изреволтиран,бидејки со денови се борам колку што мие е силата,ги трошам моите пари кои не се многу,да не се овие акции за бесплатни лепчиња,оружје и слично ништо нема да биде, а некои си земаат ордени за Battle Hero и к*р ги боли за тоа кој наш интерес.
Сите се залагаат за појака еМакедонија, но ретки се они поединци кои вистински се трудат да тоа биде така.
ДАЈТЕ ДА СЕ ОРГАНИЗИРАМЕ.

Нека ни е вечна Македонија и еМакедонија.