еРепублик. Вреди или не?!?!

Day 1,245, 00:36 Published in North Macedonia North Macedonia by Moon Patrol

Добро утро и добар ден на сите.

Вчера останав до покасно на еРепублик,си велам ај утре сум втора смена на работа па ќе имам време за спиење, и чекам да почне толку најавуваната битка со еБугарија(само не разбрав дали ние напаѓаме или они ќе не нападнат,многу конфузни информации има),но ништо. Па си зедов да шетам по овој еПростор да видам дали има нешто интересно и пак ништо.Легнувам да спијам.

Жена ми е прва смена на работа, па станува и оди на работа,а јас си велам ај ќе поспијам. Но не оди. Нешто ме копка. Не чека битка со големата еБугарија. Нашиот голем непријател. Си велам мора да почнала па и јас да помогнам. И станувам, се уклучувам на нет, се најавувам на еРепублик и пак ништо. Шетам по еМаркетот да видам како се движат цените и се исто. Се облекувам и велам ај ќе пијам утринско кафе со мајка ми. Поминува 9 часот и си велам почна нов ден во еРепублик. Ај да видам што има ново иако поминаа само 20 минути. Исчекување и пак ништо. Ништо од најавите за борба.

Почнувам да размислувам зошто го трошам времето на оваа игра. Си имам и други работи за завршување. Но, си велам ај можеби јас брзам или пак нашите еВласти си имаат некој план за кој ние не треба да знаеме и само се очекува да почне. И тоа се е во ред, но едно сакам да им кажам на сите оние кои сега ја водат еМакедонија и на сите оние кои ќе ја водат.
Нека не си играат со нас и со нашето време кое ние го трошиме тука и остануваме ненаспани,со незавршени обврски,за некои со изгубени колоквиуми и испити и секакви други обврски кои ние ги занемаруваме се со цел да поминеме дел од времето на еРепублик и да ја подигнеме и развиеме еМакедонија. Нека ја водат еМакедонија на прав начин и нека не заборават дека иако ова е само игра , многу од нас жртвуваат многу работи за да ТИЕ бидат на власт и ја водат државата. Нека се придржуваат да она што е кажано,а не плановите да се менуваат според некои желби. Нека се поорганизарани и повеќе да контактираат со народот и да го информираат бидејќи така ќе бидеме поефикасни и појаки. А не вака, некој цел ден и цела ноќ да чека битка и да не дочека, а некој кога ќе се изнаспие и ќе ги заврши своите обврски тогаш ќе му текне дека е на власт и дека треба да води држава.
Толку од мене.

Поздрав до сите и кој сака нека даде sub и vote.
Нека ние вечна Македонија и еМакедонија.