еЕкономија од неекономисти?!?!

Day 1,239, 01:14 Published in North Macedonia North Macedonia by Moon Patrol

Сакам да го кажам моето размислување за нашата економија иако не сум по струка економист.Пред мекој ден прочитав една статија со податоци за тоа колку фирми имаат нашите соседи,пријатели и непријатели.Ние тука некако слабо стоевме,но сепак се држиме.
За да една држава е јака мора да има и јака економија, а тоа подразбира е флексибилна економија или пазар.Јас еве веке месец дена водам фирма и рака на срце имам одлични работници па добро оди,но може и подобро но не само за мене туку за сите стопанственици и за нашата еДржава.
Разбирам дека во време на војни сите сакаат да ќарат и цените многу брзо одат нагоре,поготово на храната и оружјета,а основните сурови имаат ниски цени.Во еден ден цените може да се дигнат дури за 50% па и повеќе.Тоа малку ме нервира ,но тоа е тоа. Е сега,кога имаме мирни денови е тогаш цените многу споро се враќаат т.е. се намалуваат,а пак цените на основните продукти храна,железо и друго многу споро се качуваат.Затоа велем дека пазарот треба да ни е подинамичен и пофлексибилен за да кога имаме мирни денови нашите еГраѓани можат да се соземат од битките, но и ние кои имаме фирми за основни производи малку да може да живнеме и да направиме некоја пара.Со тоа и нашата економија ќе има ќар т.е. повеќе пари ќе се свртат на пазарот, ќе се соземеме од загубите и мирно ќе можеме да ги чекаме наредните борби.
Мислам дека решемие е да некако се формира синдикат во кој ние газдите на фирми ќе се здружиме и посилни ќе можеме да излеземе пред државата со што полесно ќе си ги штитиме нашите интереси.Сепак ако ова е еДржава тогаш треба да име и еСиндикати поделени во различни области во зависно од индустријата исто како во реалниот живот.
Незнам, можеби и грешам, можеби има поголеми и поискусни економисти од мене, но ова е моето размислување.
Ако се согласувате тогаш ставете по еден vote и sub ,а добредојдени се и коментари дали било тоа позитивни или негативни.
Да ни е вечна Македонија и еМакедонија