Случувања во Македонија и на Балканот

Day 1,165, 13:33 Published in North Macedonia North Macedonia by benzinMKD

Поздрав,
Јас сум Александар a.k.a benzinMKD и ова е моја прва статија,решив и јас нешто да напишам подетално за случувањата во Македонија и на Балканот.Ја играм играва скоро 5 месеци и барем малку сум запознаен што,како одат работите во оваа игра.

Војна на Балканот

Како што сите сме запознаени на Балканот се случија многу војни,има 2 сојуза:
(Македонија,Србија,Турција,Унгарија,Словенија) и (Бугарија,Романија,Грција,Хрватска)
Се почна откако ја играм играва.Турците се ослободија од Грчкото ропство и потоа го нападнаа и го заземаа Кипар и ја прогласија Грција за природен непријател.По неколку неуспешни битки од двете земји за освојување региони,во војната се вмеша и Бугарија која и забоде нож на Феникс
алијансата и отиде во ЕДЕН.Бугарите се вмешаа со цел да ќарат некој регион и поради тоа што не се многу мирисаа со Лазократите.После успешниот напад на Мармара,беше очигледно дека
турците немаше да имаат шанси против нив.Тука стапуваме на сцена ние.
Со цел да го намалиме притисокот и предходно бугарите сакаа неколкупати не успеаа да го изглесаат законот за природен непријател.После окупацијата на Мармара,ние го изгласавме законот за природен непријател и нападнавме на Софија,главниот регион на Бугарија.Јас лично ке кажам дека бев ПРОТИВ војна со бугарија.Но сепак како и да е,нападнавме и поминавме доста добро,8-5 за бугарите во мини битки,со оглед на тоа дека тие се стари 3 години а ние неколку месеци.
Иако далеку послаби освоивме 2 региона (Софија и Видин) но не ги задржавме и по неколку дена си ги вратија.После неколку неуспешни битки Турците го освоија Бургас.Но наредниот ден Бургас беше вратен од страна на Бугарија а Грција ја зеде Мармара.Турците се пожалија на нефер игра од страна на бугарите и почнаа да штрајкуваат со тоа што не се борат.Со тоа на Грција и се отвори пат да ја окупира Турција.Со тоа македонија беше оставена на цедило,
и окупацијата беше неизбежна.За многу кратко време ги изгубивме сите региони и бевме поробени.
Никој не се надеваше на вакво нешто но ете се случи.
Се правеа стратегиски планови за отргнување на власта со некои операции како Камикази и слично.
Благодарение на нашите сојузници,Србија кој се жртвуваа за Македонија да се врати на старите патека и да се гради економски и социјално.
Со востанието во Источна Македонија и со победата ја вративме надежда за ослободување.
Еве сега гледам во дека ке се изгласа законот за природен непирајтел од бугарија и очекувајте напад..

Унгарците и Романците само се напаѓаат и имаат неуспех во битките.Гледам сега романците зедоа еден регион од унгарците.


Србите се во војна со хрватите.Пред некое време србите беа длабоко навлегле во хрватска територија но хрватите си ги вратија териториите.

Ајде сега оставете ги војните настрана.Мене друга работа ме мачеше.
Таман се изгласа законот за природен непријател и цените веднаш скокнаа на житото.Лебот
поскапе а со тоа и мораше и платите да поскапат.Не знам што како се случи ама не требаше така да биде сигурно.
Друга работа,според статиите на МО требаше да отидеме на чат за поорганизирани удари ама цело време дремев на чет а никој не даваше команди.Едниствените команди беа:
АЈДЕ СИТЕ МАВАЈТЕ! и слично.
За спас од кашата што сами си ја направивме гледам во нашите сојузници а пред се од Србија.
Сега слушам нови гласини дека Турција ке ја пушти Америка да ја завземе Србија.Гледам
Гледам бугарите пружат некаков отпор поради тоа па ке видиме што ке се случи.


Ете луге тоа беше се од мене во оваа моја прва статија,па не се срамете да ставете Vote&Sub

Со верба во бог,Македонец до гроб!