Бесплатни сојузи, промените во системот за лечење и останатите најавени промени

Day 1,059, 06:20 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Informiranje
Здраво Македонци !

Ова е превод на последниот "insider" (весникот на админите) со цел оние кои имаат потешкотии со англискиот јазик (читај бегале од часови) да можат да разберат како админите планираат да ја развиваат (или упропастуваат) играва. 😉




За што служат овие копчиња ???

Веројатно се прашувавте за што служат новите три копчиња кои никнаа од никаде покрај вашиот аватар. Сигурно сте ги пробале досега и сте ја откриле нивната улога, но сепак админите се потрудиле да ги објаснат нивните функции.
Секој ден сите ние работиме и тренираме, па зашто и не би добиле некој награда за комплетирање на овие активности ? Ова беше главната идеја позади овој проект, заедно со фактот што истите копчиња можат да служат како потсетник за важите незавршени активности.
Откако ќе работите и тренирате, не заборавајте да го стиснете и копчето "Get reward " за да си ја земете вашата награда (EP - искуствени поени).
Ова е особено важна новост за новите играчи, поминувањето на левелите сега ќе биде многу побрзо.

Покрај овие копчиња, во текот на денешниот ден се додадени и други слични копчиња (missions) од десната страна, кои имаат слична улога (пумпање со нови EP)



Потребно е само да стиснете на една од овие мисии, ќе ви се отворат подетални информации за мисијата, и што треба да направите за да ја завршите.
На пр. за извршување на првата мисија на сликата потребно е да имате 3 оружја во вашиот инвентар.
Втората мисија бара да се бориш и да победиш 5 противници во некоја битка.
Итн...



Идниот систем за лечење преку болниците.

Анализирајки го најавениот нов систем за болниците админите донесоа одлука да ја одложат примената на овој систем не неопределено време, со цел да се слушнат мислењата на играчите.
Кога ќе има најава за имплементирање на овој систем, и ќе се определат точно неговите правила, ќе бидете известени преку овој весник на Министерството за Информирање.



Подобрувањето (или не ?) во начинот на објавување на артиклите.

Со цел да се намали спамот кој се врши со објавувањето на артикли во различни држави, со промената која стапи во сила од вчера, артиклите ќе можат да се објавуваат само во државата каде што граѓанинот има државјанство.



Бесплатни MPP( a.k.a. " mutual protection pact ", сојузи (на нашки) или едноставно МПП ) за сите нови држави.

Досега, новата држава не можеше да учествува во војна додека не ја избере својата влада. Со овие промени, на секоја "стара" држава и беше понуден бесплатен МПП од новите држави. Значи конгресот на сите стари 60 држави требаше да гласа со кои од новите држави ќе потпише МПП.
Ова важи се додека не се избере конгресот во новата држава, од тогаш ќе важат нормалните цени за потпишување на МПП, без разлика дали ќе се обновуваат овие МПП-а или ќе се потпишуваат нови.
Кога ќе истечат овие МПП-а, новите држави сеуште нема да смеат да се напаѓаат, но ќе мора да потпишуваат нови или да ги обноват овие МПП-а, за кои ќе важат нормалните цени, со цел да се одбранат од непријателот (една државичка јужно од нас).
Значи рокајте ако можете, но имајте во ум дека најважните битки допрва следуваат, и целиот ваш голд ќе биде потребен за одбрана на еМакедонија.


Тоа е тоа. Не заборавајте Vote & Sub за да влезе во топ 5.

Bojan._RnR - министер за информирање.

МнМ \o/