Избори, и некои други информации

Day 1,059, 04:27 Published in North Macedonia North Macedonia by Narodna Banka na Makedonija


Поздрав еМакедонци!

Околу изборите - Гласајте за Cyril of Macedon!

Како што можеби веќе сте прочитале во последениот артикл на Министерството за Образование во текот на утрешниот ден се одржуваат изборите за претседател на партија затоа ве замолувам сите да го гласате артиклот погоре со цел новите играчи да се запознаат со начинот на гласање и сите утре на изборите вашиот глас да го дадете за играчот Cyril of Macedon кој е единствениот официјалене кандидат избран со гласање на форумот од партијата Обединета Македонија која е единствена партија за нашите играчи.

Исто така важно е да се напомене дека беше испратена порака до Македонските играчи кои се кандидирале за претседател (самостално) darck warrior, Danielbtmk, Filipi и Lavce Makedonski со цел да се откажат од местото како кандидат да не се расфрлаат гласовите меѓу нашите играчи и до сега само Filipi го стори тоа и се откажа како кандидат останатите сеуште не го сториле тоа. Останатите кандидати за претседател се двајца поранешни Бугарски играчи и тоа Daniel Todorov, Podkrepa како и opa1 од Венецуела.. но не заборавајте единствен наш официјален кандидат е Cyril of Macedon во никој случај да не гласате за другите.

Нови играчи

Како што можете да забележите во последниве 2 дена имаме голем пораст на населението во нашата држава Република Македонија посебно благодарејки на Иван Ванчо Македонски но за да ги задржиме истите потребно е да истите навремено ги информираме и учиме во врска со играта на форумот имате упатство за каква поздравка порака да им праќате и обавезно пријателство.

Исто така молба до новите играчи да не се борат во активните битки зошто на тој начин губат голем дел од силата и ќе им биде потешко да ја вратат со моменталната плата за нивниот скил се додека админите не го променат модулот за лечење после битките зошто моментално единствен начин да ја вратите изгубенатна сила од борбите е преку храна и куќа.

И сите оние коишто имаат некаква поголема група на фејсбук, имаат контакти со некоја позната страна која може да ни среди рекламирање за играва нека испратат порака и нека не почнуваат сами со рекламирање зошто мора да го подготвиме тимот за испраќање на пораки на новите играчи за бејби бумот (донесувањето на нови играчи) да биде успешно зошто не е работата само да се регистрираат и по 1-2 дена истите да си заминат од играта.

» Ако имате проблем со силата (односно ви е ниска) обратете се на организацијата Македонски црвен крст која ќе ви помогне со испраќање но храна но внимавајте за тоа се трошат средства (пари/злато) и не се обидувајте да ја злоупотребувате истата.
» Исто така пожелно е да ги додадете за пријатели организациите Македонски црвен крст, Народна банка на Македонија и Министерството за Економија.


Излезни донации од банката

To Macedonia Red Cross 10 gold
To Ministerstvo za Ekonomija 80 gold
To Ministerstvo za Ekonomija 102 gold
To Ministerstvo za Ekonomija 300 MKD
To Ministerstvo za Ekonomija 40 gold

Како што гледате погоре пратени се вкупно 222 злато и 300 MKD (купени за 30 злато) кон Министерството за Економија за потребите на истото односно формирање на државни компании и тоа една Q1 камен компанија и Q3 куќа компанија при која куќите се делат на работниците. За поделбата на куќите повеќе можете да прочитате тука кои се условите за зимање на истите, исто така и пратени се дополнителни 80 злато за креирање на нови државни Q1 компанија за храна и оружје кои ќе започнат со работа овие денови.. и да испратени се уште 10 злато кон Македонскиот црвен крст за помош на новите играчи.

И за крај регистрирајте се на нашиот форум eMacedonia.info

Тоа би било се моментално,


United Macedonia
National Bank of Macedonia