Проект анти-мамење

Day 905, 05:46 Published in Russia North Macedonia by Ministerstvo za Informiranje


This is the article Anti-cheating project by the admins translated to Macedonian and shouldn't be considered as spam!


Драги граѓани,

Пред неколку дена објавивме на форумот дека ќе го претвориме еРепублик во многу пофер игра, не само да се осигураме дека тие кои мамат ќе имаат краток живот, туку и спречувајки ги во нивната цел. Жалбите биле поврзани со не фер избори и гласови на мулти играчи, но ние одлучивме да ги анализираме сите можности и да ги решиме проблемите наместо да ги решаваме повеќе пати.
Новиот искуствен систем, кој многу им помага на новите граѓани, е истотака силно искушение, или подобро кажано покана за мамење (до други граѓани). Ова е така бидејки многу нелегални бенифиции можат да бидат спречени брзо, многу брзо.

Не за долго!

Почнавме со најголемата промена досега: новиот систем на наградување. Во моментов граѓанинот е награден со мапа на богатство кога секој поканет човек стигне до 6 ниво. Решивме да го наградиме квалитетот, не квантитетот, и ова е бенифиција за сите. И онака, ако граѓанин покани 100 луѓе и тие умрат на 6 ниво, тие не носат апсолутно ништо на општеството. Но ако поканите 5 луѓе кои се активни и ќе останат активни, заслужувате поголема награда.

Новиот систем за наградување: наместо добивање на мапа со богатство (да речеме 5 златници) кога ќе поканите пријатели кои ќе стигнат до 6 ниво, ќе добиете 10 % од сите нивни добиени златници. Значи, се додека вашите пријатели играат еРепублик ќе земате бонус златници! Тие ако дојдат до 6 ниво - Вие земате 10 % од тоа. Ако станат супер војници? Истотака 10 %. Добијат награда вреден работник? Го земате вашиот бонус. Добиле пакет од 140 златници? Вие земате 14 златници и т.н. се додека се живи! Колку да се знае додека да земете бонус: за 5 златници добивка на вашиот пријател, еРепублик ќе ви даде на двајцата вкупно 5,5 златници.

Ако имате да кажеме 10 поканети пријатели, вашата алармна пошта ќе биде доста ''активна''. Но сепак тоа се добри вести, објавувајки ги најновите бонуси на златници 😃 И вие навистина ги заслужувате овие бонуси затоа што се грижите за вашите пријатели, во нивните први денови во оваа игра и нивните први чекори!

Одиме понатаму, затоа што овој проект е поголем. После сериозни анализи заклучивме дека има случаи на искрени граѓани кои ја напуштаат играта за неколку дена од регистрацијата и ги донираат златниците на некој, но тие немаат причина да ги донираат парите додека се бебиња. Оттука, ја исклучуваме можноста за донирање пари (и златници и национални валути) за граѓани под 12 ниво. Првите недели на еРепублик би требале да бидат за учење на играта и нејзините концепти. Купување на слепо, т.е. на црниот маркет е многу ризично, затоа ова правило ќе ги чува бебињата од правење на големи грешки додека се сеуште млади.

Истото правило важи и за валутниот маркет: граѓани под 12 ниво нема да се во можност да ги заменат златниците во некоја национална валута (пример продавање на 5 златници за 1 американски долар). Тие сеуште можат да ги заменат националните валути во златник. Сигурни сме дека владите ќе се грижат за своите (претпоставуваме сега вистински играчи) бебиња, со зголемување на данокот преку други методи. Од очигледни причини, ако граѓанин под 12 ниво купи златник од еРепублик тоа е нивно право и можат со него да прави што сака, што значи дека донациите и валутниот маркер се сосема достапни.

''Одлично, но мулти-играчите сеуште можат да гласаат!'' можете да кажете. Тогаш, ќе имаме соодветна мерка и за тоа: процесот на изборите ќе заврши во 00:00 (еРепублик време), но за наредните 6 часа резултатите нема да бидат конечни. За тоа време ќе ги анализираме гласовите, што значи дека победниците можеби лесно да бидат заменети поради нивните лажни профили на изборите. Како што знаете, ако граѓанин е роден после гласовите, тој глас е истотака отстранет. Затоа ни требаат овие дополнителни часови додека гласовите да бидат конечни. За ова време можете да видите како гласовите се намалуваат (гласовите можат да се намалуваат поради суспендирани профили).

Да направиме преглед, ова се главните промени: ќе добиете 10 % од сите златници и исполнети мисии, кои граѓаните под 12 ниво неможат да ги донираат или да ги продадат златниците на валутниот маркет, и конечните резултати од изборите ќе бидат после 6 часа. Кога ќе стапат на сила овие промени? Наскоро: следната недела. Ќе ја објавиме конечната дата на форумот во наредниот артикал.



Поздрав,
Тимот на еРепублик

Превел,