Мапи на скриени богатства

Day 901, 16:17 Published in Russia North Macedonia by Ministerstvo za Informiranje

Преведено од ''Treasure Maps''

Драги граѓани,

Денес ќе ви претставиме нов концепт наречен ''мапи на богатства''. Мапите на богатствата ќе станат едни од најомилените работи во Новиот Свет, кои ќе ви понудат, ќе ви дадат шанса да пронајдете бесплатно злато. Рековме пронајдете? Поубав збор за тоа би бил ''откриете'' бидејки буквално ќе откривате скриени богатства!

Мапите на скриените богатства го заменуваат системот на Постигнатите Награди кој го имаме сега. Што значи, наместо обично алармирање дека сте добиле ЗЛАТО кога сте добиле награда, или кога сте поканиле некој граѓанин кој стигнал до 6 ниво, ќе ви биде понудена интересна мапа со многу можности. Не сте приморани да ја истражувате мапата во моментот, но имате ограничување од 30 дена во кои можете да ја користите мапата, затоа што после 30 дена мапата станува бескорисна! Секоја мапа има три патчиња, секоја означена со ''X'', и секоја од нив открива богатство на одредена сума ЗЛАТО.

Мора да се напомене дека сумата на богатствата ќе варира, но овде доаѓа до израз вашата среќа и инспирација: патот кој ќе го изберете ќе ве води до богатство кое може да биде со просечна сума, многу помала од просечната или пак многу поголема од просечната сума на ЗЛАТО. Секако, разликата помеѓу нив нема да биде толку голема. Но вие сте среќен граѓанин, нели? 🙂 Запамтете дека можете да изберете само еден пат.

Кога зборуваме за среќата, сигурно ќе слушнете дека некои граѓани како извикуваат (пишуваат во shout) дека од сиромашни станале богати преку ноќ! Којзнае, можеби тоа ќе бидете ВИЕ кој ќе бидете зборувани како сте се збогатиле толку бргу, еден од откривачите на Богатствата на Кралевите! Ако земете толку голема сума, можете лесно да дадете отказ каде што работите и да го живеете вашиот еЖивот со стил, некое време 😃 Знаеме, сигурно си мислите: ''Сериозно? Еден од милион добитник, така?'' но ова не е таков случај. Богатствата на кралевите (The treasure of Kings) кои ќе ги откриете ќе ги има многу пати, старите граѓани од Новиот Свет со многу Злато, сега и вие ќе ја имате таа можност да добиете голема сума!
Значи, се што треба да направите е да го изберете вашиот пат, да копате и да верувате во вашата среќа.

Но, уште еднаш, сликите нека зборуваат сами за себе:


десен клик, view image

десен клик, view image

десен клик, view image

десен клик, view image


Патот кој ќе го изберете нека ве води до невидени богатства и да ја изменат вашата судбина или можеби судбината на вашата нација!

За да ги внесеме Мапите на Богатствата, утре (ден 874 од Новиот Свет) ќе ги исклучиме еРепублик серверите за околу 1 час, почнувајки од 2 часот, во еРепублик време.

Истотака, љубезно ве замолувате да избегнувате спамирање. Секој еРепублик insider има тема, затоа ве молиме дебатирајте таму, НЕ ВО ВЕСНИЦИТЕ! Коментари како ''прво'' ''второ'' ''и тој јазик'' или ''избришете Х работи'' се спам и се неповрзани со темата на Insider-от.

Тимот на еРепублик


Преведено на македонски,