VO CENTAR-->Nova Partija vo Makedonija

Day 3,504, 07:07 Published in North Macedonia Thailand by Vasko Eftov.


Драги читатели ова е првиот број на весникот Во Центар кој ќе ве известува и информира проверено,точно и навремено за сите настани во нашата еЗаедница.

Како што сите знаеме,сведоци сме дека сме во една моментална криза која подолго време е во нашата држава,политичка криза каде што доведе до мал раздор помеѓу македонците.

Повеќе од 1 година актуелно на политичката сцена е и владее политичката партија Republikanska Partija која е 3та според ранг листата,а пак личноста која ја контролира партијата е најпозната како Furious Lady.

Да напоменеме дека единствено оваа партија со својата моќ пркоси и ја држи Македонија одговорно на нозе последнава 1 година и деканиту една од топ5 партиите не се обидува да парира со свои кандидати на изборите.

Во оваа ситуација се формира нова партија Makedonija na Makedoncite


-Зад оваа партија стои личност која не беше толку активна во последно време во политиката ikonomista,личност која на прв поглед ветува многу на политичката сцена и која во своето прво обраќање најави дека формира ново обединување помеѓу македонците и сите оние кои се досега незадоволни од досегашната власт.

Почитувани читатели,прашање е дали е ова еден нов почеток и нова ера во политиката која ќе се формира еден нов блок со своја политика и цел или пак ова е уште еден неуспешен обид за нечии лични цели.

Остануваме во тек со сите случувања и очекувајте не во наредниот број со повеќе информации и анализи.

Вашиот - Kavadarchanec.