Претседателско обраќање[TheBloodyMassacre]

Day 4,444, 12:16 Published in North Macedonia North Macedonia by Narodna Banka na Makedonija


Добровечер Македонци,

Периодов е доста тивок иако не беше тоа во план. Успеавме да го исчистиме целосно Балканот и на 3 територии да направиме "воз".

За поновите: Откако ќе биде освоен некој регион, потребно е да поминат 24 часа за да може да се крене Востание. Истото важи и доколку се крене востание и не е успешно, по 24 часа од завршетокот може да се крене ново!

Со воз стратегијата се оневозможува непријателот да крене востание поради постојани напади кои се одвиваат во точно прецизирано време(секогаш е различно) од страна на повеќе држави. Со оваа стратегија окупираната држава не може да крева востанија, што значи нема сопствена битка, нема никаков приход во државната каса и може да се ослободи најчесто само со Воздушен удар од сојузниците или со востание кога одреден регион нема да биде нападнат на време. Поставивме возови во Унгарија и два во Грција, а во тек е и поставувањето на пругата во Хрватска.

Засега имаме 8-10 битки на ден, меѓутоа само две се тренинг војни! Што значи дека во останатите(моментално 7) мора постојано корегирање на ѕидови од двете страни. Затоа пратете наредби и не вртете ѕидови каде што нема потреба! Доколку штетата е премала, ќе мора да бидете препукани, меѓутоа барам од играчите со повисоки ранкови да се компензира барем половина од медалот.
Доколку бидете поминати од скрипта, пратете порака на играчот кој ве поминал!

Во овој период е добро да се соберат колку што е можно повеќе чоколади и голд, затоа не ги трошете безпотребно и чувајте за наредната војна!

ЕДИТ: Западна Македонија е дадена на Емиратите на одреден период, данокот ќе го вратат деновиве. Бонусите за храна отприлика остануваат исти поради териториите кои ги освојуваме во возовите. Се прават обиди да се релоцираат Емиратите во најбрз можен рок!




Како да придонесете повеќе во војните?

За новите играчи играта не нуди премногу. Постојат две опции:
1) Да купите/побарате нов/стар профил со поголема сила;
2) Да пукате само во авионските битки(во авионските битки се гледа само авионскиот ранк, а не силата!).

За оние со солидна сила:
1)Кој може да си дозволи нека го зема Пакетот за моќ(Power Pack). Повеќе за пакетот во овој туторијал
https://www.erepublik.com/en/article/-1344-2705258/1/20
2)Останатите бркајте медали по два три пати на ден дали кај нас или во неутрални држави како на пример: Данска, Индија, Малезија, Норвешка..

За фармерите(оние со многу компании):
1Доколку поради некоја тренинг војна не можете да ги работите фирмите, сменете државјанство, кога ќе имаме војна сите ќе бидете прифатени назад. Во моментов целата сила на една држава е во тренинг војните, па така мора да отвараме и да ги одржуваме тренинг војните!

За пакеташите:
Кој не е на вибер чатот, а има желба нека пише да го додадам на групниот канал.





Отчет:

Главно се враќани даноци на државите чии територии сме држеле и компензација за неуспешни востанија. Цел отчет го имате тука:



Треба да се врати данокот од последните неколку дена на Србија, Шпанија и Италија.







Моментално се одвива акција во Индија, успеавме да слетаме и да ги избришеме Словенците, меѓутоа по слетувањето сме окупирани од сите страни и не се знае уште колку ќе останеме. Ќе пробаме да останеме колку што е можно подолго, а во исто време имаме и војна на балканот со Кипар и Турција. Затоа земајте пакети, собирајте чоколади и голд и удрете по душманите кога ке дојде време!


Телеграм каналот на еМакедонија е вратен. Претходно, без објаснување од админите на апликацијата, беа избркани сите членови на групата освен администраторот. Линк до телеграм каналот на еМакедонија:

https://t.me/joinchat/GU6-bxc8_PaHpsHuEoTqIw


До следно читање
Претседател на еМакедонија,
TheBloodyMassacre