ОСТАВКА [Furious Lady]

Day 3,176, 09:21 Published in North Macedonia Thailand by Nuclear Furiosa

Здраво на сите.

За тие што не виделе еве да повторам: Си дадов НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА.
Зошто? За сите 101 причина што ќе ги наведам подолу 🙂

Уште пред кандидирањето, двајцата разговаравме за да се договориме. Кажа дека е слободен цел месец, исто и јас бев слободна цел јули. Морам да признаам дека бев скептична за неговото кандидирање бидејќи сметав дека реално нема доволно искуство.
Затоа се кандидирав и јас од партијата на иван.ск (Хегемони). Кој и да победеше од нас двајцата ќе бевме заедно, а и ќе имаше простор за импич. Меѓутоа бидејќи претседателите на партиите со повеќе членови си ги кандидираа своите мултиња, мојата кандидиатура автоматски пропадна.

Биднаа изборите, Рагнар победи, беше загреан ептен, сакаше се да направи во еден ден 😃 Во владината група на вибер веднаш се пофали дека зборел со сите членки на Орион и планирал да не бутне таму. Со Северрус почнавме да чуриме. Го разубедивме да намали малку. ХЛ побараа војна за роденденот, Рагнар веднаш се запали дека народот му барал војна, не сакал да фарма. Во вибер групата гласавме за дали да одиме на Грција или да помогнеме на Шпанија (Морам да признаам дека и тогаш бев скептична и сметав дека ќе завршиме неславно).
Решивме дека тоа би била добра целомесечна војна и со Северрус таман почнавме да правиме планови и да тумачиме кои земји би можеле да ни се придружат, овој сам си пушти закон наеднаш. Се се случи буквално во еден ден. Бугарите ни беа лути дека сме криеле од нив и дека требало заедно да испланираме, и беа во право. А да не ги споменувам па и Индонезија и Лигап, ги погазивме правилата на пактот. Значи уште првиот ден морав да се правдам на Бугарија и Индонезија, за инстант одлуката на Рагнар.
Пред нападот пишував на сите сојузници, барав помош на сите страни, Северрус ги планираше воените потези, без негова дозвола не одевме ни на мочање . Северрус ја работеше работата на Министерот за Одбрана. А јас иако прашував неколку пати во текот на месецот, се уште не добив одговор:
ЗОШТО СТОЛЕ Е МОД, а се кладам дека нема ниту емаил и пас од МзО оргот?
Да појаснам: Немам ништо против Столе, и ќе беше се супер ако и тој се приклучеше на тимот на вибер, ватсап, скајп… било каде… Меѓутоа него го немаше (и се уште го нема) апсолутно никаде. Се што он изработи месецов е да ги препрати ингејм пораките што ги добива како МзО на Рагнар.

Да се вратам на војната.
Слетавме. Чиле се истурија за нас, Унгарците против нас (за КО), Србите пукаа од двете страни. Калакурница…..Потоа следуваше и летот од Америка во кој против нас пукаа само Аргентинци, Бразилци и Унгарци, а против Америка пукаа Руси. Помина и тоа.
Бугарија кога го пушти АСот на Аргентина, доби НЕ од Грција и Турција. Првиот пат, законите не поминаа, но кога вторпат Турција пушти закон Бугарите се запалија. Заборавија на нашиот план да ја оставиме Аргентина без конгрес и решија дека Турците им се помили за ќотек. Џабе се карав на скајп, го имате веќе слушнато изговорот “Матрим и РИП” и тоа беше тоа. Во исто време пристигна и Маверик пакот. Нашиве испотрошени, лути за Маверикот, почнаа да бојкотираат, Бугарите почнаа да се повлекуваат од Аргентина, почнавме нагло да губиме… Ај што не избришаа од Аргентина, туку ни се фрлија и на бришење од Индија. Почнавме да губиме регион по регион.

Рагнар некако бргу се засити и откако почнавме да губиме и него почна да го снемува. На почетокот јас и Северрус компензиравме додека тој беше до 16-17 часот на работа (иако претходно никогаш не спомна дека ќе има работа). Светецот и Акцонел исто така помагаа (они мрчеа). 😛
Откако не избришаа од Аргентина, Рагнар се појавуваше онлајн на 5 минути и ќе го снемаше. Не е ни чудно што го заборавивме МППто со Бугарија. После таа брука со тоа заборавено МПП, веќе не му викав да пушти МПП, се вклучував од кај него и јас ги пуштав законите.
Еднаш не знам кој ѓавол ме натера отворив да ги прочитам пораките кај него. Косата ми се крена 🙂

ЕДЕН играч му пишал за некои безвезни МППа и овој на сите по ред почнал да им пишува. Кога го прашавме за вибер зошто, неговиот одговор беше: НАРОДОТ МИ БАРА НОВИ МПП И ПРАШУВА ЗОШТО НЕМАМЕ… Ајде бе…. Тогаш веќе почнав да вријам.

Во истото време Грција и Аргентина веќе континуирано не бришеа од Индија. Немаше никакви наредби, немаше никаков план, ништо…. Северрус замина на одмор и веќе немаше кој да прави воени планови. Столе се разбира се уште стоеше таму само за украс.
Чилеанците ни ги држеа и ни ги победуваа ноќните рунди, а денските ги губевме бидејќи немаше никакви наредби ниту некој знаеше што се случува. Бев сосема сама. Јас ги напишав тие двете статии од МзО наредби, едната МоФА статија и кај Алисс статијата за Авијација. И за тоа: До денес немаше никаква иницијатива од ЦП, од него имаше само зборови ”Ајде да направиме….” и ќе го снемаше. Неговото објаснување беше дека од сабајле цел ден работел на тутун, попладне спиел и навечер излегувал.
Епа добро бе, КОГА СЕ КАНДИДИРАШЕ НЕ ЗНАЕШЕ ДЕКА:
ЌЕ РАБОТИ КАКО АРХЕОЛОГ?
ЌЕ ИМА ТУТУН ЗА ОБРАБОТКА?
ЌЕ ОДИ НА ОДМОР?

Да! И тоа ни кажа дека оди на одмор кога веќе бил попат. И кога го прашавме зошто не кажа порано, не знаел дека ќе оди на одмор, неговиот одговор беше: ЕПА ЛЕТО Е БЕ, СЕ ОДИ НА ОДМОР.
Е лето е бе, ама еве јас нема да одам на одмор, ЗАМИСЛИ!
Тогаш веќе сватив дека јас и Северрус испаднавме крпите за бришење под.
"Јас сум слободен, се ќе правам, а вие ќе ми помагате само."
Пфффффф, па јас и Северрус ништо не помогнавме бе, ти цело време си беше активен 24/7 пошто нели кажа дека си слободен цел месец.

Кога ни го бришеа предпоследниот регион во Индија, рече ќе стави КО во втората авионска битка и во истата минута го снема. БУГАРСКИОТ МЗО НИ ПОЗАЈМИ 200К ЗА ДА ЈА СПАСИМЕ РУНДАТА пошто ЦПто пропадна во земја кога му се побараа пари, како негови пари да требаше да дава... Арно НеноДС дојде онлајн, јас веќе бев цела ноќ неспиена и без живци. Џабе, ја изгибвме рундата и кампањата. Чилеанците до тука цело време ни помагаа, пукаа за нас, ставаа КО, правеа се што можеа.
Е кога не бришеле во последниот регион бев оффлајн конечно, заминав на викенд. Србите и Романците херојски улетале и не спасиле. Точно за тој херојски потег (за кој длабоко им благодариме) на Рагнар му требаа 2 дена сам да одлучи дека треба да им пушти МПП на Србија и веднаш клекна да пуши. Никаков договор со владата ниту да го праша за мислење мофа тимот ништо… Буквално ШТО НА УМ, ТОА НА ДРУМ.

Не сум против тоа МПП, кога тогаш знаевме дека ќе се случи бидејќи секако не бутнаа на таа страна без разлика дали сакаме или нејќеме, против сум на начинот на кој го потпишува. Зошто? Сега ќе ви кажам:
Со Шпанија, Бугарија и Чиле имавме состанок, онака рутински за да видиме кој сме до каде сме и за каде сме. Што би рекле, чисто за да се одржува комуникацијата и пријателството што го имаме долги години. Чилеанецот 16 пати повтори дека се насочени против Астерија. Рагнар беше присутен на состанокот, виде се, прочита се. Па добро бе, пи*ка му матер, лошо ли беше без мпп? И едните и другите пукаа за нас, имавме комуникација и се беше како подмачкано. Си бевме НЕУТРАЛНИ бе. Можевме без проблем да тераме уште месец дена така, додека на Србија им дојде јајцето на газот и тие нивните политичари да се спуштат малку на земја. Ве купија со една рунда и едно КО последниот ден, а до тогаш Чиле секој ден пукаа за нас.

Е за сето ова, за целиов месец што го спасував Рагнар да не го плукате, што шаутирав од кај него, враќав на пораки, пишував статии, на крај како МоФА пак јас како секогаш ќе бидам виновна. Тој ќе замине за 5-6 дена, си кажа дека нема шанси пак да се кандидира за ЦП, побара дури и импич да сме му пуштеле, ДА НЕ СЕ МАЧЕЛ, НЕ ЗНАЕЛ ДЕКА БИЛО ТОЛКУ ТЕШКО!!! А ние МоФА тимот ќе треба и нареден и понареден месец да работиме и да ги чистиме туѓите го*на.

Јбг за некои работи треба да се има мозок. Можеше кога веќе запнал за тоа МПП да ги остави Србите да пуштат закон а Конгресот да го гласа како сака. Така ќе имавме ЧИСТ ОБРАЗ пред Чиле, вака само ја покака целата работа што ја теравме со МоФА тимот.

Е за сите овие погоре споменати причини СИ ДАВАМ НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА И СЕ ОГРАДУВАМ ОД СИТЕ НЕПРОМИСЛЕНИ ИЗБРЗАНИ ОДЛУКИ НА РАГНАР КОИ ГИ ДОНЕСЕ СВОЕВОЛНО БЕЗ НИКАКВА КОНСУЛТАЦИЈА СО ТИМОТ.

Ваша Чилеанката
Furious Lady

[EDIT] Ги избришав сликите, може стварно претерав, ама и стварно ме збесна. Инаку да ти одговорам, мојата кандидатура стоеше се додека во последен момент на 2ри ноќта некои од ППата не си стави свое мулти кандидат.

П.С. Честито медалче 😉