Политика во Македонија-Во Центар

Day 3,747, 09:17 Published in North Macedonia Thailand by Vasko Eftov.


Поздрав почитувани читатели,ова е статија од весникот Во Центар со Васко Ефтов,во оваа статија ќе ви ја прикажеме цела вистина,само вистина и ништо освен вистината,бидејќи и вие и јас имаме право да ја знаеме вистината!

Почитувани,ова се 5те најмоќни политички партии во еМакедонија
https://prnt.sc/iidvd7

Ќе направиме кратка анализа базирана на активностите од последнава година на овие партии,да видиме која е нивната улога...

TMORO-VEP
Ова е најголемата партија,но функционалноста е под 10% бидејќи повеќе од година дена нема истакнато свој кандидат или програма на одредени избори,неодамнешен ПП на партијата беше El Che G кој поради одредени причини који не сакаме да откриеме во оваа статија,тој зема друго државјанство.

2ра партија по број на членство е Obedineta eMakedonija која исто така е заборавена од времето,партија со славно минато но повеќе од година дена нема излезено со своја програма и кандидат за ЦП избори,како и ТМОРО така и оваа партија без никаква функција се на врвот по број на членство и немаат никаква политика која би ја претставиле.

3та партија е Republikanska Partija ова е можеби најконтроверзната партија,со сигурност може да се каже дека луѓето кои директно или индиректно стојат зад оваа партија која им служи како средство за одредени цели,владеат повеќе од 3 години во еМакедонија,можеме да кажеме со сигурност дека ова е единствената партија кој излегува со свои кандидати и програми,често критикувана но никој не има застанато машки пред оваа партија,секој кој пробал бил прегазен бидејќи зад оваа партија стои една многу моќна структура на профили кои се одлично искоординирани и инфилтрирани во секое поле од оваа така-наречена еМакедонска заедница.

4та партија е Makedonija na Makedoncite

Оваа партија до пред кратко време беше единствената во која се гледаше жар и надеш за идно владеење,но во одредени политички конфликти беше прегазена од Републиканската Партија,во самава партија се гледа дека се фокусирани на еМкедонија,често се борат на економско поле за да се намалуваат даноци и помагање на послабите играчи но сепак до сега никогаш не добија шанса да го покажат тоа бидејќи до сега немаа влада а и на ЦП избори немаат самостојно победено,последниве месеци немаат излезено ни со програма ниту пак со кандидат.

5та и последна партија од големата 5ка е Makedonska Narodna Partija

Ова е најновата македонска партија,партија која сите очекуваа да парира на Републиканската Партија,партијава предводена од Phantom MKD играч со славно минато,како одминува времето покажува дека со тек на времето успева да одолее на моќта на Републиканската Партија и не е моќен да им се спротистави и да ги придобие сите оние кои се незадоволни од досегашнава група која владее со еМакедонија повеќе од 3 години.

Почитувани,ова е една кратка анализа која ви ги претставува политичките партии или моќни групи во играва који требаат да се борат за одредени цели на играчите кои им ја даваат довербата на секои избори.

Дали во Македонија партиите се баш она кое треба да бидат?-Одговорот е НЕ,бидејќи не нудат буквално ништо...македонецот не знае да да размислува и да суди со сопствена глава,затоа нема ништо ново интересно на политички план.

Во очекување сме на промени кои подолго време ги најавуваат администраторите на играва но не се знае дали и воопшто кога ќе се случат.

Дали некој нов ќе посегне кон власта и ќе направи нешто ново,добро неочекувано само времето ќе покаже,до тогаш останете ми со здравје и до наредната статија.

Поздрав еМакедонијо каде и да си!