ПОЛИТИЧКА КЛИМА ВО МАКЕДОНИЈА

Day 3,572, 17:39 Published in North Macedonia Thailand by Vasko Eftov.


Драги читатели ова е третиот број на весникот Во Центар кој ќе ве известува и информира проверено,точно и навремено за сите настани во нашата еЗаедница.

Во ова издание ќе имате можност околу да видите и прочитате за настаните кои последниов период се случуваат во нашата држава.

Сите знаеме дека во Македонија се формираше нова политичка партија која всушност за многу кусо време успеа да постигне доста голем резултат на политичка сцена,партијата Makedonija na Makedoncite е основана од despacit0 кој моментално се повлече баш во доста бурен период кога препукувањата на релација Republikanska Partija- Makedonija na Makedoncite се чини дека стануваат се посилни и посилни.

Доволно долго време ја анализиравме ситуацијата и дојдовме до сознанија дека и двете партии се составени/предводени од доста моќни играчи, едни сои пакети и финансиски стабилни сретства а другите со многу фирми и нови моќни профили кои навидум се спремаат за нешто непознато.

Без сомнение и двете партии се залагаат за засилување и на Македонија,но се со спротиставени ставови околу финансиите и внатрешната политика околу организирањето на државата.

Пред нас престојат нови можеби после долго време мошне интересни претседателски избори во кои повторно овие две партии ќе си ги одмерат силите иако голем дел од опозицијата обвинува дека Републиканците на претседателските избори мамат со мулти-профили и единствено така ги добиваат изборите,а пак владеачката Републиканска партија ги демантира и велат дека народот ги сака и гласа.

Она што е интересно е фактот дека Републиканската партија е на власт повеќе од една ипол година,уште од времето на Mr.Santino. кога беше соборен од власт а да се потсетиме дека после повеќе од две години грчко ропство тоја ја ослободи Македонија од грција заедно со Бугарија,но набрзо изби кавга со членови од Републиканската партија па беше соборен и осуден како предавник,сето тоа е многу комплицирано за да се објасни во една статија.

На наредниве избори очекуваме најголема излезност и доста кавги,навреди и препукувања,патем тоа се случува и во последниов период помеѓу државните челници и кондремените од МнМ партијата..сето тоа можете да го видите на државниот пост.

Останува да видиме како ќе се одвиваат работите во блиска иднина,можеби ќе наидат на споразум овие две несомнено најактивни партии во македонија,им претстои поволна клима за да можат мирно да се договорат како понатаму со државното управување,во спротивно на Македонија и се спрема Српско сценаријо а Македонија не е доволно моќна да го издржи тоа.

Останете ми поздравени мои македонци каде и да сте!