Основни информации за наредбите и битките [Министерство за Одбрана]

Day 1,063, 15:13 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Odbrana

Почитувани граѓани на Република Македонија

Најпрво да им посакаме добродојде на новите играчи и се надеваме дека голем дел од нив ќе продолжат да ја играат играва со цел да станеме една голема економска и воена велесила. Истото така сакаме да нагласиме за граѓаните кои сами не можат да си го одржуваат здравјето да не се борат. Советуваме да се консолидирате со финансиски средства и да бидеме подготвени за евентуален напад врз нас.

Министерството за Одбрана од денес започнува да функционирање со секојдневни известувања за граѓаните кои се во можност самостојно да војуваат во името на Република Македонија. Во нашите статии секојдневно ќе објавуваме битки во кои ќе можете да војувате. Секоја битка нема да има иста значајност и за секоја битка ќе бидете известени во соодветната статија од колкава значајност е.

НАПОМЕНА: играчите што не можат самостојно да си го одржуваат здравјето да не се борат т.е. претпоставка е дека тоа е додека не достигнат 17 ниво

Поради немање на официјална влада не сме во можност да направиме регуларна војска се до изборот на конгресмени и до изборот на претседател на Република Македонија.

Во меѓувреме ќе објавуваме и статии за заеднички напад во определен час од денот но секој со свои средства или евентуално ако добиеме некоја донација.

Со почит
Министерство за Одбрана


Привремен Министер: Macedonian_Lion
Заменик министер: Demigod_mk
Заменик министер: Hristijan Cvetanovski

Други Државни институции:

Народна Банка на Македонија
Министерство за Економија
Министерство за Образование
Министерство за Информирање
Македонски црвен крст