Vicoteka !!!

Day 3,194, 08:18 Published in North Macedonia North Macedonia by PlexusMKD

Си оди Фатма во едно сириско село, по неа на дваесетина метри оди мажот ѝ Мехмед. Ги сретнува оџата и го прашува Мехмед:
– Човеку, ти зарем не си го читал Куранот? Што пишува таму – Мажот оди напред, а жената – по него!
– Оџа, кавалер сум, а и кога е напишан Куранот немало минирани патишта. Оди, Фатма, оди!

Жена оди во аптека и прашува:
– Што е подобро за мојот сопруг лексилиум или дијазепам?
Аптекарката прашува:
– А која е дијагнозата?
– Чевли од 200 евра.

- Тато, вистина ли е дека од многу мастурбирање може да се ослепи?
– Хахаха, Петре, јас сум чичко ти.
– Хахаха, чичко, Диме сум

- Тато, тато, како се запознавте со мама?
– Па се сретнавме случајно на улица. Таа ме погледна, се насмевна и ми рече: „Ти ќе ми бидеш дечко“.
– А ти?
– Па, јас тогаш многу пушев. По 200 метри се задишав и таа ме стигна.

- Зоки, ти си бил ли на море?!
– Да, ама бев многу мал.
– Е колку мал си бил?
– Паа… натаму сум бил во тато, а наваму – во мама…

- Што правиш, синко?
– Си фатив Покемон, бабо!
– Арно, арно, време ти е…

- Имате ли апчиња против мрза?
– Да.
– Ставете ми едно во устата.