Prime Lords - Регрутација

Day 2,333, 12:06 Published in North Macedonia North Macedonia by YoYo.M

Почитувани,

дојде време да ја отвориме втората регрутација! о7

Немаме обичај да се фалиме, но овој пат ќе изнесеме некои факти. Од последната регрутација во февруари (24.02) до сега се спроведени следните активности:

- Поделени се околу 1.000 Q7 тенкови.
- На бебињата се позајмени 350 голд средства кои што остануваат во оптек и како што се враќаат, се позајмуваат на други бебиња.
- Инвестирани се 300 голд во гумари кај новите членови на Сениорите. Останува уште доста, ама важно е што врската за заеднички настап е силна и сега веќе работиме заедно.
- Поделени се незначителен број на комплети за ракети (~10) и храна (~5.000 Q1) зашто немаше интерес за нив.
- Друга битна инвестиција е изградбата на гумари кај еден член од единицата кој исто така помага на тенкарите со WRM, средства донирани од сениорите во висина од 210 голд.
- Целта исто така е да вклучиме/активираме повеќе луѓе во работата на единицата.


Дека не е се така совршено кажува и фактот што имавме некои незадоволни членови т.е. членови со свои идеи кои решија да не’ напуштат, им посакуваме се најдобро во нивните планови, на нивно место дојдоа нови, така што. бројката од активни 50 членови стабилно ја одржавме.

Кога Македонија се бореше за конгрес, Prime Lords се искачија на 7-мото место по штета и број на убиства, како Македонска МУ со 1.3 милијарди штета, пред се заради 3-те реализирани поделби и мотивацијата на самите членови.

Стратешки се организираа неколку договори со членови кои сега се поврзани со траен пласман, работа или рекреација преку едноставен блог каде се презентирани сите основни инфорамции за структурата и начинот на функционирање на единицата. http://erepm.blogspot.com/

Сите поважни информации можете да ги најдете на насловната страна на нашата МУ: http://www.erepublik.com/en/main/group-show/622

За време на оваа регрутација статусот на единицата за нови членови е отворен, така што можете да се приклучите со едноставно кликање JOIN, а после регрутацијата приемот повторно ќе биде контролиран со покани. Овој пат таргетот е тотал 70 души, па повелете !
Prime Lords

За повеќе информации ви стоиме на располагање:
KireDimoski http://www.erepublik.com/en/citizen/profile/5518205
P R O http://www.erepublik.com/en/citizen/profile/5119874
Aliss Wonder http://www.erepublik.com/en/citizen/profile/4501750
SaveAss http://www.erepublik.com/en/citizen/profile/4278673

Со почит,
Prime Lords