PanzeR is DEAD [Achkoeoeo]

Day 1,799, 08:09 Published in North Macedonia North Macedonia by aljupce

Achkoeoeo (се надевам се сеќавате на него) ме замоли да ја објавам статијава.


Пред година и нешто се случи една од поголемите грешки на РМ.Пред година дена нашиот екс-Претседател Апокалипто(ДедаНое) беше направил фатална грешка која што го чинеше овој народ многу.Таа грешка беше,Апулија.Некако сите работи се вртат околу таа Апулија.Кој како доаѓа на претседателското столче така прави иста или помалку слична грешка на оваа.ПанзеР единицата на која што бев верен,единицата која што ме фасцинираше со нејзината идеологија и нејзините идеали,единицата која што размислуваше со своја глава,ја прави истата грешка.Истите луѓе кои што пред година дена плукаа за овој непромислен потег на Апокалипто,истите тие денес имаат образ да му го направат истото на овој е-народ.Истите тие кои што кажуваа дека не сме ничија кукла и не треба да бидеме без разлика на тоа што ќе останеме на еден или ниеден регион.Е овие исто така збореа за тоа како Жутите(АрМакедон) им го перел мозокот на народот и донесувал лоши решенија за само да си цапа во медот,да си ги лади ножињата у ладна вода и да си пиуцка пивце од страна.Месецов и вечната опозиција,единицата која што беше ПРИМЕР за тоа како треба да изгледа една воена единица,ги постави корените во политиката.Луѓето седнаа на своите долго очекувани виртуелни фотељи,добија лозинки од виртуелни организации,и се кренаа високо на небото.Драги дами и господа,ниту највисоките облакодери на светов не им се ниту блиску до малиот прст од ногата.Сега тие преку „референдум“ ви го испраа мозокот,ве убедија дека е правилно да се даде Апулија затоа што сме немале доволно средства за да војуваме и да го одбраниме тоа што вам ви припаѓа,но затоа можеме да и помагаме на Унгарија за да се избрише САД од Европа.Наместо да се бориме како лавови до крај за тоа што е наше,како што кажуваше вечната опозиција,ние се криеме и се задоволуваме со малце.Се задоволуваме со тоа што ни го даваат оние што не е*ат во здрав мозок и во реалниот живот и во играва,и плус плаќаме за тоа.Згрозен сум од појавата што луѓето во кои што верував,оние кои ме научија што значи да се биде член на ПАНЗЕР ги открија правите лица во играва.Како што велеа и самите чим на играва си ваков,којзнае каков си во живо.Не велам дека јас сум злато,можеби и сум полош од сите вас.Но јас ниту еднаш не го изедов го*ното што го и*рав.Никогаш не си го погазив своето јас.


Проценете и самите какви луѓе ве водат,затоа што очигледно јас сум имал друга претстава за нив.Само еден остана ист од самиот почеток.Нема да го именувам,но само ќе кажам дека тој е единствениот лидер што ПАНЗЕР некогаш го имал и е најзаслужен за тоа што ПАНЗЕР беше.


http://www.erepublik.com/en/article/-1-1800309/1/20
http://www.erepublik.com/en/article/odgovor-za-puvkovci-od-kojoti2-1800682/1/20

Лесно е да седиш и да плукаш од страна,но уште полесно е да си го продадеш г*от за свои бенефиции.


Ваш почитуван,
Achkoeoeo