Do site Makedonci.

Day 1,096, 11:26 Published in North Macedonia South Korea by King Theoden

Добра вечер Македонци



Ова е една голема молба за сите Македонки и Македонци кои работат со здравје (health) помало од 90.



Кога почнавте да ја играте играва, сите поискусни играчи ви објаснија дека за да успеете и да ви биде полесно во иднина, да не војувате веднаш и да не работите со здравје под 90. Ама сепак повеќето од вас тоа го разбраа на следниов начин: „Војувајте веднаш и работете со здравје на минимум!“



Уште еднаш ги известувам помладите играчи да не работат со здравје помало од и да не војуваат.



Причината е многу јасна.



Сега имате доволен доказ за тоа – лебот поскапел, а вашата плата е намалена и сега се жалите.

Доцна e!

А зошто е така?

- Затоа што кога работите со здравје помало од 90, тогаш и продуктивноста ви е помала (помалку произведувате). Тоа не му оди во прилог на директорот на компанијата во којашто работите. Заради тоа ќе биде принуден да ви даде отказ или да ви ја намали платата, бидејќи компанијата ја праќате во стечај.

Зошто да не војувате?

- Затоа што кога војувате трошите многу енергија. Меѓутоа тоа вам воопшто не ви е важно, важно е дека вие колку-толку сте кренале левел.

Мислите дека ако истото го направите и утре, и скоро секој ден, побргу ќе стигнете до висок левел и ќе бидете многу јаки играчи.

Ќе ви кажам една работа – има една стара македонска поговорка: „Брзата кучка, слепи кутриња раѓа“.



Затоа уште еднаш апелирам до сите Македонци, Ве молам немојте да работите со здравје под 90.





И за крај ГЛАС или ПРЕТПЛАТА – тоа е ваш избор.



Едно име имаме, во душава го носиме...