Претседателско обраќање[Xherrz.]

Day 4,471, 04:56 Published in North Macedonia North Macedonia by Narodna Banka na Makedonija


Добар ден Македонци,

После успешното слетување во Индија, успеавме со малку среќа да останеме во Индија. Со помош на Романија ги избришавме Хрватите, а ние за влакно, со добри ротации успеавме да останеме и да не трошиме повторно воздушен удар за да се вратиме во светата земја - Индија. После чистење на Индија, отворивме тренинг војна со Индија која што се одвива по стандарден редослед: Ние ги добиваме директните битки, Индија ги добива востанијата. Востанијата ќе ги објавувам на Телеграм каналот, па пожелно е сите да инсталирате и да дојдете на еМакедонскиот канал:
https://t.me/joinchat/GU6-bxc8_PaHpsHuEoTqIw

Моментално бараме мета за да го искористиме воздушниот удар и да помогнеме на Астерија во операцијата во Кина. Собирајте чоколади, пратете ѕидови, земајте пакети и помагајте на Мајка кога е најпотребно.





Отчетот е прилично долг за периодов. Се трошеше голд за објава на војни, Враќање на даноци и малку на КО. Целиот извештај го поделив на 2 дела. Прво се даноците, после нив останатото:






Моментално во банка остануваат 2,287,618 денари, плус 1,083,279 во трезор и плус Обединетите Арапски Емирати треба да вратат данок деновиве што изнесува скоро 981,873 денари.
Значи вкупно во банка во овој момент има 4,352,770 денари и 600 голд(активна објава на војна ~300голд).

ЕДИТ: ОАЕ го врати долгот од 981,873 денари.




Во моментов Западна Македонија и Повардарие се окупирани од страна на наши сојузници. Повардарие ќе биде ослободено во најбрз можен рок(не поддржувајте востанија за да не се успорува процесот), додека Западна можно е да остане кај Латвија на одреден период додека не успееме да отвориме граница на друго место.

Останува да нагласам уште еднаш да пратите наредби, доколку нема на ѕид означено каде да се пука, пукајте во битката означена како кампања на денот, или во Индија пошто таму секогаш добиваме во директните битки(освен ако не е поинаку напишано на државниот ѕид), собирајте чоколади, не трошете без врска на прцање за 5 голд и се читаме во наредна статија.

Претседател на еМакедонија,
Xherrz.