Претседателско обраќање[The Night Killer]

Day 4,513, 07:33 Published in North Macedonia North Macedonia by Narodna Banka na Makedonija


Добар ден Македонци,

Во последната статија беше зборувано за операцијата во Индија, што значи дека одамна нема нова статија. Од тогаш до сега имавме:

1) Успешно слетување во Египет заедно со Литванија, Холандија и Бугарија. После слетувањето успешно поставивме воз во нивните територии кој што траеше 2 недели без востание. После првите две недели Египќаните побараа договор кој што вклучува тренинг војна за секоја земја во Египет(Држиме еден Египетски регион од кој што имаме пинг-понг војни со Египет и Холандија). Данокот ќе го враќаме месечно. Овој договор трае 2 месеци, понатаму ќе се разгледа сработеното и ако има можност ќе се продолжи на ист начин.

2) Воздушен удар над Унгарија - Планирано беше слетување во нивниот последен регион на мапата, Јужна Америка. Меѓутоа, знаеа дека не можат да победат па кренаа востание и се избришаа од мапата, со цел да спречат наше влегување во Јужна Америка, каде во моментов се водат интересни битки. Астерија и Хидра успеаа да го земат цел северен и централен дел на Јужна Америка, а во моментов се врши притисок и врш јужните делови.

3) Воздушен удар над Словенија - Словенците исто така имаа само еден регион во Јужна Америка, па имаше можност да се избришат исто како Унгарците. Меѓутоа собраа храброст и воздушниот удар беше започнат.

Линк од битката со Словенија:
https://www.erepublik.com/en/military/battlefield/256330

4) После слетувањето опкружени бевме од сите страни со непријатели. Со низа ротации и надигрувања успеавме да ги нападнеме Аргентинците, а во исто време да ја затвориме војната со Чиле кои имаа НЕ бонус. После освојувањето на Аргентинскиот регион, изгубивме на брзи прсти и Чиле пуштија први НЕ и имаат иницијатива во битка која сеуште е активна:
https://www.erepublik.com/en/military/battlefield/257626





Парите беа во главно трошени на КО во нашите авионски битки и на голд за објава на војна. Даноците се вратени на сите држави




Во моментов се планира кревање на данокот на 25%, а ќе објаснам зошто.
Присутни сме во 3 воза на непријателски територии од каде што земаме данок. Доколку го кренеме данокот, парите кои што ќе ги земаме од непријателите ќе се дуплираат и ќе се користат за купување на пакети, а парите од нашите производители ќе се врати со 1% преку формулари кои што ќе се пополнуваат секој ден. Исто така во Источна Македонија е планирано да слета Молдавија, со тоа би имале 100% бонуси за храна во тој регион, а данокот ќе го враќаат месечно. Идејата е сеуште во изработка, па ќе видиме што ќе испадне.

Исто така се планира парите кои се собираат да се користат на помош за пакети, поради тоа што немаат никаква функција освен за КО, од кое што државата нема никаква корист. Доколку се опремат државни акаунти, кои што ќе имаат приоритет за фармање и кои што ќе пукаат први во важните битки, би имале многу поголема корист.
Комбинација 1: Опремување на 2 државни акаунти околу 5м денари.
Комбинација 2: Давање на 50% неповратни средства на 5-6 акаунти кои се активни.
И оваа идеја како претходната е сеуште во изработка, па можете да дадете совет во коментари.


Моментална ситуација во банка е околу 7,500,000 денари

ЕДИТ: Купени се 50 000 тенкови по 97цц(4,850,000 денари) кои што ќе бидат поделени во војните кои претстојат или продадени за повисока цена и вратени во каса(се очекува цената на тенковите да рипне за 20-30% )





На воено поле се планира освојување на нови територии, односно притискање се до целосна капитулација на КОД и Андес. Моментално сме во Јужна Америка и пробуваме да останеме таму што подолго. Деновиве се очекува промоција на чоколади, а можно е и на компании,теретани и слично. Чувајте голд овие недела- две максимум и искористете го разумно.

Околу тренинг војните:
Моментално имаме 13 тренинг војни. Отприлика пробуваме секој ден да објавиме на државен ѕид, меѓутоа сите имаат РЛ обврски кои се приоритет, па ако не е напишано каде да пукате, гледајте ја битката која е КОД, прашајте на телеграм, или пукајте во една од оние кои секогаш се добиваат(види подолу):

•Битки кои секогаш се добиваат:
-Индија, Романија, Обединети Арапски Емирати и Италија(директни војни)

•Битки кои секогаш се губат:
-Востанијата во Италија и Индија, Португалија, Литванија.

•Пинг-понг битки - Тој што напаѓа секогаш губи. Проверете во "war history" на војното поле кој е напаѓачот:
-Шпанија, Колумбија, Пакистан, Холандија и Египет

•Битки со исход според приоритети:
-Србија и Бугарија.

Доколку некој сака да игра поактивно, да земе пакети или да помага на моментално опремените играчи, нека ми пише приватна порака.

Инсталирајте Телеграм, апликација на која не се гледа вашиот мобилен телефон, и придружете се на телеграм групата на еМакедонија, каде што ќе дознаете каде да ја празните енергијата, кога да поддржите востание, совет, помош и слично.

Линк до Телеграм каналот на еМакедонија
https://t.me/joinchat/GU6-bxc8_PaHpsHuEoTqIw

До следно читање,
Претседател на еМакедонија
The Night Killer