На што сум најмногу ГОРД? [ S T R ]

Day 1,287, 01:55 Published in North Macedonia North Macedonia by Strumjanin


Поздрав еПријатели !


Ми останаа уште неколку дена од третиот мандат. Што е доволно – доволно е! 🙂 Од 5ти се посветувам на РЛ Македонија. Кој знае , можеби и таму ќе стигнеме еден ден по Пелопонез? 😛 (смајлито означува дека е шега = JOKE, да им објаснам на комшииве за да не се исплашат)


Синоќа бев на дружба со пријателите од Хаос и Армакедон. Заседнав 4 саати, не ни осетив кога прошле 🙂 Од една страна - гледам луѓе по прв пат, а имам чувство дека многу добро ги познавам. Од друга страна пак – можно е еЛикот да ти оставил сосема поинаков впечаток од реалниот лик (разбрав дека некои и намерно глумат 😛 ) Но севкупниот впечаток ми е следниот: видов најнормални пријатни луѓе иако можеби некој би очекувал играва да ја играат тешки националистички будали. Е тоа за нас Македонците не е точно! И токму затоа сум најмногу горд!


Горд сум бидејќи еднаш не отворивме муабет за Бугарија – едноставно никој не се замара со нив.
Горд сум што дури и кога зборевме за Грција – никој немаше потреба од погрдни зборови и пцости.
Горд сум што сме изрелаксирани, а не затруени со приказни од 19-от, 15-от или 5-от век. Верувам дека ние сме биле такви отсекогаш. Па и во Крушевскиот Манифест нашите предци покажале врвна толеранција кон сите останати етнички заедници на овие простори. Нашиот народ никогаш не ‘чистел етнички’, не асимилирал, не поробувал и угнетувал никого. За сето тоа сум горд.


Затоа, по однос на сите претходни и идни дискусии, наметнати и ненаметнати, само ќе повторам: јас ЗНАМ што сум и не може никој да ме убедува. Секој кој ќе помисли да го прави тоа ќе попие репорт и игнор. Тоа најтопло им го препорачувам на сите еМакедонци – ич не навлегувајте во такви дебати, Вам никој не може да Ви каже кои сте или кои не сте. Точка. Тука завршува секоја дискусија!


И уште нешто - морам да му се извинам на Mr. Purple што не го спомнав за тенкањето на почетокот од војната, синоќа тој имаше јак бодигард 😛 кој инсистираше ова да го направам. Сепак, шегата на страна, не можам се’ да видам и затоа ми се случуваат и вакви пропусти. Гледајќи го чoвекот каков е – сигурен сум дека нема да ми замери! 🙂


И за крај, кој сака да гласа за мене на 5ти – нека напише на ливчето "бр. 19 Струмјанин" и нека ја заокруже 19-ката 😛 па нека се чудат овие од избирачките одбори за кого сте гласале. Ова на крај испадна мала неплатена политичка програма 🙂


ПОЗДРАВ еМАКЕДОНИЈО !


ПС. Комшииве ме убија од плукање последниве денови, затоа да им ставам еден прозор, па слободно нека ми плукнат под него кога ќе поминат. 🙂