"Dusko & Dushko Avramovski" Мојата приказна!

Day 1,241, 02:26 Published in North Macedonia North Macedonia by Dushko Avramovski

Почитувани дами и господа. Почитувани македонци и македонки.

Ова е мојата прва статија (ако може да се нарече така) во која би сакал да ви се претставам себеси и овој весник.
Моето име и вистинско име е Душко Аврамовски(Dusko Avramovski) Но тоа не е моето вистинско име во играта,очигледно 🙂 "Dusko Avramovski" тоа беше мојот прв профил. Повикан од страна на Мартин Ташкоски(Martin Tashkoski) решив да се приклучам ИАКО нашата Македонија сеуште беше "сива територија" или со други зборови НЕ ПОСТОЕШЕ.
Тоа беше Септември 15, 2009та или 665 ден од Новиот Свет,па оттаму можам да кажам дека сум искуствено еден од постарите играчи и или меѓу првите 500(колку што не имаше на почетокот) иако левелот тоа не го покажува навидум. Како и да е Македонија ја немаше и оттаму,мн нормално,желбата за оваа игра само можеше да опаѓа па така со доза на нередовност и со тогашните правила-верзии итн итн левелот на искуство кој го достигнав не е ни поголем од 1000. Бев во еден од многуте регионите каде македонците првпат се појавија а тоа е Јава регионот во Индонезија. Конечно тотално згасна желбата и профилот одвреме навреме затајуваше до 30 енергија.
После 1 година .....
Месец 0ктомври 2010 , го оживеав тој профил. Македонија тогаш веке беше дел од овој "Нов Свет" повторно за тоа дознав од мојот другар (Martin Tashkoski)
Желбата да се издигнам меѓу големите како самиот Martin Tashkoski,ЛазаросаМКД,PhoenixMK,Ivan_Vancho_Makedonski,Drashhh_III_Makedonski,Cyril of Macedon(кој ми беше познат и пред година ипол од регионот Јава) и сите останати на кој во моментов неможам да се сетам ,нека ми простат тие што не ги споменав, беше голема. Постојано се случуваа промени и гледав истите да ги искористам па така промената и најновата иновација за +20% од пријатели со канење...јас започнав да повикувам другари,како Angel Arsov kako Dragan Dimovski kako astojkovska и последниот Don Cale. Don Cale кој си продолжи со играње и не е вистинско име за разлика од другите кои се вистински и реални имиња но истите престанаа да играат. Оттаму ги презедов јас,откако се распрашав дознав дека истото е мн казниво да се играат истите тие профили од исти компјутер. Јас сепак продолжив. И како за беља отворив фирма и желбата да профитирам многу и брзо ме наведе да истите работат за само 3/4 МКД. Си реков "па кој би знаел кој би казнил за такво нешто" Сепак се случи. И верувајте нема ништо полошо од тоа да ви го банираат профилот на кој сте потрошиле часови и часови за само 100-200 МКД повеќе! Не вреди! Ова нека биде поука за сите! И нека биде предупредување за истите! Нема ништо подобро од чесно играње....а стекнувањето на сила,на искуство,на пари дали биле МКД или злато...тоа ке си дојде со тек на време. Се што се случило преку ноќ го снемува преку ноќ,тоа што се стекнува со долго долго време останува долго долго да не речам ВЕЧНО!
Тоа беше дефинитивно крај,реков повеќе нема теорија да продолжам,но попусто. Martin Tashkoski повторно влијаеше 🙂
Јас повторно се приклучив овојпат како Dushko Avramovski на 18 Декември 2010. Со доза на гнев повторно барав од админите да ми го повратат мојот претходен профил објаснувајќи на единствениот можен начин и поаѓајќи од себе дека навистина немав ништо злоупотребено освен тие помалку 5-6 мкд што требаше да ги дадам за плата. Попусто... Немаше каде продолжив напред и еве ме до каде што стигнав. Решен да играм и да го убрзам процесот купував злато препродавав ствари и од нив можам да издвојам неколку кои ми помогнаа и им верувам. Тоа е stru4nak од кого купив злато,pandaaigor со кој разменував доста работи и ми помогна за извршувањето на мисиите. Фала му на Ilija93 од Панзери од кого купував најевтини куќи! Фала и на додадената опција да се купува злато со праќање СМС 😃 итн итн....
Со неколку дена пауза еве ме веќе како 169 дена во континуитет се приклучувам секој ден. Се развив доста и на бизнис план и како наравоучение во нив фирмите овојпат такви малверзации некам и работниците си ја добиваат заслужената плата со исклучок кога навистина е тесно и немам да ги исплатам.
Со тек на време како кревав сила и достигнав 800 се приклучив на единицата "DemonS" и не зажалив. Таа е одлична единица,одлично организирана и дефинитивно не повеќе од 3 недели стара кога се приклучив. Создадена од 3 искусни постари играчи EnisMK , Alen_001 и Troj4e. Таму запознав уште многу со кој секојдневно комуницирам како Urban_Pane , MacedonianBoy, Stole и Ungrateful итн. Моментално имам 2190 сила и сум сеуште член на Демони, кои иако не се најдобрата единица сепак за мене се најдобри. Таму сум од мојот и почетокот на единицата и се надевам ке останам и понатаму.
Што се однесува до овој весник,решив да го отворам бидејќи мислам дека секој има право на свој збор глас и мисла. Така и ја ќе се обидам за се што се случува да го дадам своето мислење и можност секако да го споделам со сите вас.

Тоа би било се засега.

Бидете поздравени каде и да сте и САКАЈТЕ ЈА И ЧУВАЈТЕ МАКЕДОНИЈА! БИДЕЈЌИ ИМА ШТО ДА ЧУВАМЕ!


Кој е во можност и сака...
За шаут:
"Dusko & Dushko Avramovski" Мојата приказна!
http://tinyurl.com/6ajet2h

Фала ви однапред!
Ваш и искрен,