Финтите со учат со искуство - интервју со lolACitizenMKD

Day 1,074, 01:52 Published in North Macedonia North Macedonia by Boris Sarafoff

Ова интервју е со lolACitizenMKD. Овој играч е еден од постарите и поискусни играчи во еМакедонија. Иако интервјуто е направено пред конгресните избори, вредно е да се спомене дека lolACitizenMKD успеа да стане конгресмен од редот на голеамата Обединета еМакедонија. Информациите кои се дел од ова интервју, се надевам, дека ќе се полезни за новите играчи и забавни за постарите. Зато прочитајте...

Гласник на Македонија: Од кога играш еРепублика?
lolACitizenMK😨 Играм eRepublic од 1ви Декември 2009та,значи нема ни цела година.

Гласник на Македонија: Колку време вложуваш во играва?
lolACitizenMK😨 Секојдневно се логирам повеќе пати,па може да се каже дека сум доста активен.Покрај играта го посетувам и официјалниот македонски форум за играва -> emacedonia.info каде се договараме за иднината на нашата штотуку додадена земја како и разменуваме мислења за општи теми од нашиот еЖивот.

Гласник на Македонија: Дали на почетокот ти се случуваше да ти биде досадна?
lolACitizenMK😨 Искрено,не.Во моментот барав browser-based игра која не одзема премногу време,а ова ми изгледаше токму таква игра.Играв травиан,а таквите игри ти го одземаат животот,не само времето .

Гласник на Македонија: Дали лесно ги научи правилата и како?
lolACitizenMK😨 Правилата ги научив неверојатно лесно.Имаше еден видео туторијал на самиот почеток на играва,каде Демостен чинам,на англиски секако, ги објасуваше сите аспекти од еЖивотот.Сега в2,да ја наречам,е поразлична,но со сиве туторијали од министерството за образование се учи многу брзо и лесно.

Гласник на Македонија: Дали има финти кои можат да ги научат другите играчи за да бидеме успешна држава?
lolACitizenMK😨 Финтите се учат со искуство.Неможам да нагласам нешто поспецифично,но со посетување на форумот, читање странски артикли и весници, научив нешто за успешно водење на компанија,начинот на борба, дури и гласање.

Гласник на Македонија: Што мислиш за политичката ситуација во еМакедонија?
lolACitizenMK😨 Политичката ситуација засега е стабилна според мене,се избегна можноста за преземање на власта од странски играчи.

Гласник на Македонија: Дали е добро што има една доминантна политичка опција?
lolACitizenMK😨 Сега за сега е одлично што има една политичка опција,бидејќи нашата цел е да имаме конгрес составен исклучиво од македонски играчи,како би спречиле донесување на закони надвор од интересите на македонската заедница.Понатаму оние кои ќе сакаат власт и ќе сметаат дека можат да парираат на актуелната власт со нови подвизи и решенија ќе имаат можност да направат опозициона партија.

Гласник на Македонија: Кои ќе бидат предизвиците на новиот конгрес?
lolACitizenMK😨 Стабилизирање на економската и финансиска состојба воглавно.

Гласник на Македонија: За каква економска политика се залагате?
lolACitizenMK😨 Пред се’,солидна минимална плата,која ќе може да му дозволи на еден еГраѓанин да се излечи со купување на потребен број на лебови,но и да има некоја мала заштеда,потоа максимален процент на данок за увоз на камен,а поприлично низок за извоз, и секако ниски проценти на даноци за увоз на железо и жито.

Гласник на Македонија: Дали сакате да им порачате нешто на нашите соиграчи?
lolACitizenMK😨 Секако.Како прво,да ги слушаат наредбите од министерствата (за одбрана,образование,економија итн.),да не се борат младите играчи и да не се откажуваат лесно.МАКЕДОНИЈА БЕЗ ШИТКАЧИ!

За да продолжиме вака.. Со интервјуа и анализи.. Ве молам, гласајте за овој текст, но и претплатете се на ГЛАСНИК НА МАКЕДОНИЈА...