ЕКСКЛУЗИВНО: Мега интервју со Ivan Vanco Makedonski

Day 1,076, 08:00 Published in North Macedonia North Macedonia by Boris Sarafoff

Денес, имаме можност да ви го понудиме интервјуто со Ivan Vanco Makedonski. Еден од најпознатите и најактивните играчи на еРепублика. Веќе избран за конгресме, со посветеност да им помага на новите играчи.
Ова е мега интервју... На сите што ќе им се допадне, Ве молам гласајте за текстот и претплатете се на мојот весник.

Гласник на Македонија:
Од кога играш и со кој интензитет ја играш еРепублика?
Ivan Vanco Makedonski:
Моето еПатешествие започна на 6-ти Август 2009-та година, бев поканет од еден мој пријател (Eddie Rebel) со цел да помогнам во планот за освојување на конгресменски места во еБугарија, ако добро се сеќавам освоивме 4 конгресменски места.
Подоцна привлечен од добрата економија на Индонезија заминав на печалба таму. Следеше Русија и повикот на Macedonian_Lion да оформиме Македонска единица, познатата Македонска Фаланга, чиј заменик командант бев подолго време. Од таму патот ме однесе во Турција, каде што исто така бев член на Македонската единица, но за кратко. Следеше 1 месец поминат како конгресмен во еБелгија каде што пробавме да направиме ПТО на таа земја, но поради сплет на околности не успеавме. Од таму случајно налетав на една статија каде паравоента формација White Eagles од еСрбија регрутираше нови членови, се пријавив и станав нивни член. Во мојот престој таму стекнав добри пријатели и од нив добив поддршка да донесам што повеќе Македонци во таа интернационална(балканска) паравоена единица. Во еден период имавме и своја бригада составена од 10 еМакедонци. Потоа следуваше мојата пауза, разочаран од недодавањето на еМакедонија престанав да играм околу месец ипол, за да се вратам случајно неколку дена пред објавувањето на веста за додавање на еМакедонија при што ја продолживме борбата за нашето име. И така конечно си се прибрав дома и сега сум свој на своето. Од горенаведеното мислам дека се гледа со каков интензитет ја играм играва.

Гласник на Македонија:
Дали е точен впечатокот дека играта на почетокот изгледа досадно?
Ivan Vanco Makedonski:
За кого како, мене уште првиот момент ме привлече и не ми беше досадно бидејќи уште на почетокот имавме skype конференција каде покрај муабети за еРеп се дружевме и забавувавме. Од таму дознав многу работи и секако добив голема помош од поискусните еМакедонци. Поради тоа се трудам да давам безрезервна поддршка и помош на новите играчи за да се почуствуваа добродојдени и да останат во играва.

Гласник на Македонија:
Колку време поминуваш во играта?
Ivan Vanco Makedonski:
Не можам да кажам точно, но многу е. Се уклучувам по неколку пати во денот. Едноставно самата игра ми наложува. Имам 3 фирми кои треба да ги раководам, да купам суровини, да продавам на пазарот и слично. Додатно време ми одзема и учеството во конгресот. Доста време сум уклучен и на четовите и редовно го пратам форумот. Но не се жалам, времето што го поминувам со играва ми е исполнето со доста дружење и шеги.

Гласник на Македонија:
Сега си конгресмен, дали сметаш дека на Македонија и треба само една македонска партија?
Ivan Vanco Makedonski:
Најпрво да се заблагодарам на сите што гласа за мене и за нашата партија. Околу прашањето, можеби вас ви изгледа чудно, но за нас кои сме заедно подолго време ова ни е сосема нормално. Секако дека ќе треба да се навикнеме на новото време каде што ќе има плурализам на политичката сцена во еМакедонија, но длабоко сум уверен дека не погрешивме со одлуката за една партија на првите избори и дека ќе ја изведеме еМакедонија на правиот пат. За понатаму не би имал ништо против да се појават нови партии кои ќе донесат свежи идеи за подобар напредок на нашето општество.

Гласник на Македонија:
Имаше првични критики од помладите играчи дека Конгресот носи одлуки водени од економските интереси на постарите, дали е тоа точно?
Ivan Vanco Makedonski:
Не се сложувам со ова, секој има право да критикува но барем да се основани критиките. Имено сите закони за даноците беа разгледани од сите конгресмени, а повеќето од нас имаме фирми во различни сектори така да никако не би можеле да се спогодиме ако некој си влече на своја страна. Овие закони се донесени за доброто на сите граѓани.

Гласник на Македонија:
Зошто се предлага намалување на income tax скоро за сите производи и бизниси?
Ivan Vanco Makedonski:
Тоа е со цел да се привлечат домашните инвеститори да отворат бизниси во еМакедонија но и да донесеме странски инвеститори кои би го полнеле нашиот буџет. Имено овој данок директно ги засега и вработените бидејќи овој данок ја намалува платата која ја примаат. Затоа на почетоков пробуваме со пониски даноци да се отворат што повеќе фирми. Секако во иднина може овие даноци да се зголемат, ќе видиме како ќе се движат работите.

Гласник на Македонија:
Кои се следните планови на Конгресот?
Ivan Vanco Makedonski:
Економија, економија, економија. Можеби ова звучи како нашиве политичари но така е. Ништо нема да направиме без подобрување на економијата. Кога ќе сме економски моќни ќе имаме и јака армија и ќе тргнеме во походи кон богати региони. Но да не се излетуваме многу брзо, најпрво треба да ја средиме економијата и да ја одбраниме нашава држава, а верувајте тоа ќе биде прилично тешка задача, но нема отстапување. Сведоци сме дека и најсилните држави биле донесени на колена во одреден период па повторно се вратиле на старите патеки.

Гласник на Македонија:
Дали ќе се кандидирате за претседател на еМакедонија или Обединета еМакедонија?
Ivan Vanco Makedonski:
На овие избори не, за понатаму ќе видиме (никогаш не вели никогаш xD)

Гласник на Македонија:
Дали можете да ни дадете линкови од корисни и поврзани сајтови кои на нашите читатели би им отвориле нови идеи за развој во оваа игра?
Ivan Vanco Makedonski:
Јас ретко користам некои надворешни сајтови, има неколку кои порано во верзијата 1 беа активни и доста помагаа ама сега во в2 не сум ги заприметил. Најчесто за новините во играва се информирам преку весниците и на нашиот форум. Доста можеш да научиш и од активноста на ирц и другите начини за комуникација. И секако мој совет! Нека прашуваат од поискусните, со прашање до Кина ќе стигнеш! Жалам ама линкови немам.

Гласник на Македонија:
Кои ви се најлојални партнери во оваа игра?
Ivan Vanco Makedonski:
Не би сакал да ги двојам, ги има многу, стекнав многу пријатели со кои се дружиме и шегуваме но и сериозно работиме за еМакедонија. Единствено би го посочил мојот бизнис партнер и пријател Kole of Lerin со кога имаме заедничка организација MnM Corporation и раководиме со 3 фирми.
Поздрав до сите други и нека не ми се лутат
За крај, ти благодарам за интервјуто, се надевам не бев досаден xD и се надевам задоволен си од моите одговори.
Би сакал и да ги повикам читателите кои ќе го прочитаат ова да стават претплата на овој весник бидејќи вреди
И една порака до сите еМакедонци:
Да бидеме сложни, братски да се помагаме, да ја играме оваа игра и да им покажеме на сите што не мразат кои сме и што сме!
Да живее еМакедонија!