(ПРОЧИТАЈ) Програма на МНФ II Дел - АРМ и Воена организација

Day 1,157, 12:08 Published in North Macedonia North Macedonia by Boris Sarafoff

Почитувани соиграчи,
на политичката сцена на еМакедонија се појави уште еден сериозен политички субјект.
Тоа е Македонскиот Национален Фронт. Политичка партија организирана од повеќе искусни и млади играчи.
Намерата на оваа партија е да овозможи простор за докажување на сите слободоумни, креативни и енергични граѓани.

Очигледно е дека граѓаните на еМакедонија почнаа да препознаваат дека оваа партија, МНФ, има висок потенцијал да се развива и расте.
МНФ е партија која од само 50 члена, за неколку дена дојде до бројка од 150 члена.
Тоа е резултат на сериозниот пристап, програмата, пријателството и посветеноста на членовите на МНФ.

Во денешнава статија би сакале да ве запознаеме со идеите и размислувањата на МНФ за реформите на АРМ и воената организација. Но, на почеток, би сакале, да им честитаме на храброста и пожртвуваноста на многу еМакедонци во битките кои ги водиме последниве денови.

II Дел - АРМ и Воена организација

За МНФ:
- АРМ е столб на македонската државност
- АРМ е гарант за опстанок на еМакедонија
- АРМ е организација од највисок приоритет за еМакедонија

Мерки кои би се превземале:

1. Назначување на Началник на Генералштаб на АРМ
- треба да биде од редот на најискусните и најсилните еМакедонци
- треба да биде од редот на оние кои се покажале во досегашните битки
- треба да биде од редот на оние кои добро ги познаваат и надворешните работи и економијата и државната управа
- треба да е личност која ќе ги обединува сите

- треба да е назначен од страна на Претседателот на еМакедонија, но во што е можно поголема согласност со Конгресот и политичките партии
- треба да е прифатлив за сите или бар за повеќето постојни паравоени организации
- треба да е спремен функцијата да ја врши посветено и да комуницира со сите

2. Формирање на Генералштаб на АРМ
- треба да е составен од командантите на бригадите на АРМ
- во неговиот состав треба да има и по еден офицер назначен од страна на Претседателот, Началникот на ГШ на АРМ, Владата и Конгресот
- во неговиот состав треба да влезат и командантите на паравоените единици кои ќе исполнат критериуми и ќе влезат во официјалниот состав на АРМ

- Генералштабот на АРМ ќе има задача да одлучува за стратегијата и тактиките во војна, заедно со другите надлежни државни органи
- Генералштабот на АРМ ќе е задолжен за развој на АРМ
- Генералштабот на АРМ ќе се грижи за спроведување на одлуките на државниот врв
- Генералштабот на АРМ ќе се грижи за материјално-финансиското функционирање на АРМ

3. Единство на АРМ
- иако многу од паравоените единици од Македонија покажаа инзворедни резултати во својот развој и во одбраната на еМакедонија, МНФ цени дека е добро да пробаме да формираме заедничка и единствена Армија на Република Македонија
- одлуката за приклучување кон АРМ треба да биде доброволна и на база на меѓусебно почитување и согласност
- секоја бригада на АРМ и во иднина ќе може да го задржи својот уникатен карактер, во смисла на идентитет, име, амблем, но со назнака дека е дел од АРМ
- секоја бригада на АРМ ќе може да ги задржи и развива своите економски и финансиски потенцијали, ако тоа не се судира со концептот за развој на АРМ

4. Број и состав на единиците на АРМ
- АРМ треба да има бригади и чети
- бригадите треба да бројат од 50 до 100 члена (може да се дискутира)
- четите треба да бројат од 10 до 20 члена (може да се дискутира)
- четите мораат да бидат дел од некоја бригада
- командната поставеност на АРМ мора да ја почитува секоја бригада, чета или војник на АРМ
- команданти на бригадите ќе назначува Началникот на ГШ на АРМ
- четите и бригадите мораат да бидат добро организирани ( по пријателска, роднинска, градска или некоја друга логика) за да бидат мобилни и брзо функционални

5. Формирање на Академија за обука
- овде ќе бидат примани исклучително посветени млади играчи
- целта ќе е да се овозможи забрзан развој на младите играчи кај кои се забележува исклучителна посветеност
- Академијата треба да има свој директор кој ќе биде назначен од Началникот на ГШ на АРМ

6. Формирање на Логистички центар
- АРМ треба и може да има свој концепт на обезбедување на основни средства за своите потреби (храна, жито, оружје...)
- АРМ треба да има свои залихи кои ќе се употребуваат за потребите на АРМ (засебно од државните залихи)
- АРМ треба да го развива концептот за логистичка подршка заедно со Претседателот, Конгресот и Владата на еМакедонија

7. Финансирање на АРМ
- АРМ е врвен приоритет на еМакедонија
- најголем дел од средствата собрани од данок треба да одат за потребите на АРМ
- средствата треба да се користат за развој на армиската логистика, за набавка на храна и оружје, за финансирање на бустери за припадниците на АРМ и слично
- средствата треба да се трошат врз основа на претходно утврден план од страна на Претседателот, Конгресот и Владата на еМакедонија
- брзиот развој на поголем број играчи на еМакедонија ќе не направи уште повеќе независни од помошта на нашите пријатели и ќе не направи посериозен играч на меѓународната сцена


За сите овие предлози ние сакаме да се размислува и дебатира.
За сето она што можеби сме го погрешиле, спремни сме да го прифатиме.
Иако знаеме дека сме млада и нова партија во еМакедонија, се надеваме дека поголемиот дел од нашите идеи ќе бидат спроведени без разлика кој ќе победува на следните избори.

Ве молиме, гласајте ја оваа статија за да ја видат повеќе луѓе.

Амблемот на МНФ можете да го најдете овде: http://mkdcom.com/MNF.jpg
Официјалниот канал за чат е овде: http://mibbit.com/?channel=%23MnF.chat&server=irc.rizon.net
А можете да се зачлените во МНФ, овде: http://www.erepublik.com/en/party/makedonski-nacionalen-front-3343/1

Да живее МНФ !!!
Да живее еМакедонија !!!