Турнир во Haxball

Day 2,302, 06:19 Published in North Macedonia North Macedonia by YoYo.M

ДАМИ И ГОСПОДА!


затоа што се некако се заборава зашто сме тука решивме малку да ги размрдаме работите.

За точно една недела 16.03.2014 (недела) во 12 часот по локално време, со заедничка помош ќе се одржи турнир во
HAXBALL - http://www.haxball.com/

Се покануваат сите заинтересирани да се пријават за учество благовремено, со краен датум за пријава 15.03.2014 , 12 часот.

Малку повеќе детали:
Играта дозволува публика и е доста заразна, па затоа мсилевме дека е добар начин малку повеќе да се дружиме и да се издуваме. Нормално ќе има и награди.

Условите во кои ќе се игра се: Временски лимит 10 минути, Лимит на голови 10, тип на терен „BIG“ или како на сликата

Тимови: За да успее турнирот се бараат најмалку 10, а најмногу 20 тимови кои ќе го потврдат своето присуство со 1000 CC по тим.
Вкупно во тимот треба да има 5 играчи

Прва награда 50% од парите на пријавените тимови (5.000 до 10.000 CC)
Втора награда 30% од парите на пријавените тимови (3.000 до 6.000 CC)
Трета награда 20% од парите на пријавените тимови (2.000 до 4.000 CC)

После пријавувањето во сабота ќе бидат составени табели со турнири и време.

Се надевам дека ќе биде интересно и дека ова ќе прерасне во некоја традиција.

НЕКА ПОБЕДИ НАЈДОБРИОТ!

П.С. Ги охрабруваме сите МУ да одберат свој тим фаворити и да се пријават во оваа иницијатива.