>>Комплексот Господ или Месија [Smekerot]<<

Day 1,954, 14:05 Published in North Macedonia North Macedonia by smekerot

Моника Белучи на времето беше бааги популарна. Имаше статии скоро секоја недела, а понекогаш и почесто. Последните 203 дена не почувствував потреба да напишам статија бидејќи според мене не се случуваа којзнае какви интересни работи. Формирањето на политичката партија уствари движењето уствари ТМРО ме инспирира да ја напишам оваа статија. Но пред да почнам со суштината сакам да ви раскажам една прикаска за еден фраер од Англија по име Томас.

Томас бил ептен фраер у негово време. Дечкото нон стоп бил од страна на власта. У тоа време на власт бил Хенри. Секогаш кога Хенри ќе донесе некаква политичка одлука Томас ќе напише статиичка у која ќе го испофале Хенри. Една, две, три, сто статиички пишал Томас за Хенри и почнало на Хенри да му се сфиѓа тоа момче Томас. Решил Хенри да го ставе Томас на функција. Де функциичка у некое министерство, де титуличка витез му дае, де околу црквата го заангажира нешто и овај Томас почнал да добива на популарност уште повеќе. Да не се лажеме, Томас бил паметен дечко. Он и порано си имал популарност ама тоа шо Хенри го ставал де на оваква де на оваква функција му било отскочна даска уште повеќе да се докаже дека го бива. Така од ден на ден Томас станувал се поголем и поголем човек со поголем авторитет меѓу народо. Ако у тоа време питаш некој на улица кој е најголем фраер сите у еден глас ќе ви кажат Томас. На Хенри тоа ич не му сметало, баш напротив многу се радувал шо Томас станал најголем фраер. По некое време на една журка Хенри се запознае со Ана. Ана била ногу згодна женска. Толку била згодна шо му улезела под кожа на Хенри и овај решил да ја зима за жена. Нисачим изазван Томас почнал да му прае ичкили на Хенри. Врте сука, прае шо прае да му растуре на Хенри свадбичката со Ана. Не та не, небила Ана за Хенри. Тоа на Хенри ич не му се бендисало и у очи му речел на Томас да си гледа неговата работа и да не се меша дека не му е местото. Арно ама Томас се почувствувал многу силен и упорно продужувал да му се меша на Хенри у љубовта. Ама тоа Хенри да ти биде к`ненце невидено и ни пет ни шес фане пресече му главата на Томас и ожене си се со Ана.



Комплексо Господ или Месија не е дијагноза како некои други комплекси туку е ситуација у која некоја личност од многу искрена љубов спрема народо сака да праве добри дела, арно ама толку забега со добрите дела шо почне да претерува и почне да се губе па наместо добри дела почне да се замислува дека е Господ или Месија и дека е семоќен и дека он е дужен да им помогне на луѓето у секојдневието. Најчесто со оваков комплекс проблем си имат луѓето шо се хуманитарци по природа. Хуманитарците се среќни кога тоа шо го има ќе ти го даде и со тоа тебе ќе те направе среќен. На пример ако хуманитарец има у џепо 50 денара и е гладен а ти си со него и немаш пари он со неговата пееска ќе ти купе јадење на тебе а на него нема да си купе. Кога ќе те виде хуманитарецо дека со неговата пееска те направил среќен он ќе биде уште повеќе среќен иако е гладен. На нас шо не сме хуманитарци тоа мош ќе ни биде смешно но стварно постојат такви луѓе на свето па дури и у оваа игра има такви и тоа треба да го почитуваме а не да го злоупотребуваме.



Правејќи ги луѓето среќни на играта порано еден хуманитарец беше станал толку популарен шо му беше малку да ги праве само Македонците среќни. За да тој биде уште посреќен сакаше да ги направе среќни сите играчи на оваа игра. Паметен дечко беше тај хуманитарец ама имаше толку голема цел и беше толку ненаситен од среќата шо почна на грбо на сопствената држава Македонија да си ја остварува личната цел да ги направе сите играчи на оваа игра среќни за да тој биде најсреќен. Почна да пишува статии на англиски за да ги обединува сите играчи и полека полека, држава по држава да ги праве среќни. Мораше на сите играчи освен помалите идеи за кои се борат у оваа игра да им даде една ама голема идеја околу која сите ќе се обединат. Таа идеја беа лошите администратори на играта. Целта му беше да ги обедине сите играчи на играта и да ги воде во војна против лошите администратори. Толку беше убеден во себе шо мислеше дека војната со администраторите ќе ја добиа и сите играчи ќе ги направе среќни а себе најсреќен човек на свето. За жал тие утопистички идеи не се остваруват така лесно, не оти неможат да се остварат туку оти не се остваруват со ред и по правила како шо треба туку се тргнува во нивно остварување поради комплексот Господ или Месија. Можете да погодете шо се случи со него? Тој се самоуби во сопствената несреќа од толку посакуваната среќа.



Бејби Сквад е единица формирана од Конгресот во ноември 2011 со цел да им помага на тогашните, сегашните и идните бебиња. Таа единица е формирана со толку плуканите пари од државјанствата, што тогашниот Конгрес ги собираше, за да и служи на Македонија, а не на некоја политичка партија или на некој поединец. Бејби Сквад била и ќе биде единица со хуманитарен а не со политички предзнак. Таа треба да остане и ќе остане најчистата единица во еМакедонија која нетреба и нема политички да се извалка и злоупотребува.

Затоа сакам да предупредам и да повикам до лидерите и одговорните на таа единица а посебно до El Che G да излезат со статија и да се оградат од инволвираноста на Бејби Сквад во движењето односно политичката партија ТМРО.

Секој играч има право на членство во политичка партија но никој нема право од името на Бејби Сквад да креира и менаџира политичка партија.

Доколку се продолжи со политичка злоупотреба на Бејби Сквад ризикуваме да се отвори повторно Пандорината кутија во внатрешната политика во Македонија и да почнат да се исправаат криви дрини. Комплексот на Господ или Месија да не му дозволиме да го уништи привидното единство кое моментално го имаме и да ни ја растури и така мулташката земја која сеуште некако летаргично ги преживува деновиве во играта.

П.С. На гомнојадците уште одма сакам да им кажам дека не го пишувам ова поради републиканската партија бидејки од формирањето на ТМРО најмногу гласови за конгресменските избори загубија другите партии а најмалку загуби Републиканската.




СЕКОГАШ СЕ ЗА МАКЕДОНИЈА
Ваш Шмекерот


За тие од старамајка шо сакаат да стават шаут

Комплексот Господ или Месија [Smekerot]
http://www.erepublik.com/en/article/-gt-gt-smekerot-lt-lt-1-2235840/1/20