>>Кандидатура за претседател << >> Smekerot <<

Day 1,711, 10:52 Published in North Macedonia North Macedonia by smekerot


Гледате дека веќе подолго време Републиканската партија е пасивна а нејзините основачи не се активни во Македонската политика. Нашата неактивност ја остави Македонската политика во рацете на анархистите, турбофолкерите и нивните клонови. Тоа нанесе голема штета врз Македонскиот патриотски дух кој е основата за Македонските победи во играва. Кризата на Македонскиот дух започна со РЕФУНДОТ кој како српски производ го донесовме во Македонија да го труе Македонскиот патриотизам и Македонските патриоти да ги претвори во платеници кои за виртуелно материјално богатство се подготвени и да се борат против Македонија под изговор дека „ова е само игра“.

Поведен од таа криза на Македонскиот дух решив да се кандидирам за претседател на Македонија под мотото „Клин со клин се избива“ и Македонците да ги доведам во првобитната состојба на „борци за Македонската империја“ а не „борци за јачање на својот профил“.

Со мојата политика сакам да го изменам начинот на кој до сега се приемаше играва од Македонците и да наметнам еден нов импулс кој ќе наметне нов начин на играње на играва и ќе ни ја направи играва далеку поинтересна отколку што е сега. Моите политики ќе се темелат врз три основи: Економска политика, Надворешна политика и Внатрешна политика. Овие три политики нема да бидат создадени да функционираат засебно туку да се испреплетуваат една со друга и да го создадат „Македонскиот систем“ кој ќе биде основа на создавање на Македонската империја.

Во текстот подолу сакам да ги објаснам овие политики зад кои застана Републиканската партија и за кои барам поддршка од останатите политички партии во Македонија да ги реализираме заедно.

ЕКОНОМСКА ПОЛИТИКА

Мојата економска политика ја темелам на показателите дека денес во играва има вкупно околу 7000 Македонци од кои околу 200 се супер активни и ја играат играва по неколку часа дневно, околу 500-600 играчи ја играат играва по помалку од 1 час дневно а останатите нешто повеќе од 6000 се мултиња и двокликаши кои работат, тренираат и пукаат за дневни наредби и не се замараат со политика. Од активните Македонци поголем дел се со некое друго државјанство а не Македонско. Тоа е основниот показател дека постои криза во Македонскиот дух.

Имајќи ги во предвид овие показатели, економксата политика која ќе ја креирам во следниот период ќе биде зголемување на даноците за да можат дневните приливи во буџетот на Македонија да бидат 400.000 мкд. Сегашните приливи се 168.000 или 7000 мкд во просек на еден час. Тоа ќе го направам на следниот начин:
1. Зголемување на ДДВ на 30%
2. Зголемување на данок на плата на 15%
3. Намалување на данокот на увоз на 0% кај храна и оружје и на 30% кај рав
4. Непотпишување на трговски ембарга со ниедна земја.

Со овие даноци мислам дека во буџетот на дневна основа ќе се собираат 400.000 денари. Доколку даноците се покажат за повисоки и приливот во буџетот е поголем од 400.000 тогаш даноците ќе се намалат. Потребно е приливот да биде оптимален и да не се крати многу од парите на граѓаните.

Оваа политика ќе ја оправдам со аргументот дека данок во Македонија плаѓаат СИТЕ играчи без разлика дали се активни, двокликаши, пасивни или нечии мултиња. Буџетот се полни од сите нив, но ќе се троши само на активните. Трошењето на овие 400.000 мкд на дневна основа ќе бид еобразложено во внатрешните политики.



ВНАТРЕШНА ПОЛИТИКА

Внатрешната политика ќе се гради врз две основи и тоа:
1. Воена политика
2. Внатрешни односи и зацврстување на Македоснкиот дух и единство

- Воена политика -

Во последно време читаме многу текстови дека на Македонија и е потребна државна армија. Сите го посакуваат тоа а никој нема чиста визија како да ја креира и да ја спроведе таа политика.

Воената политика што јас ќе ја спроведувам е поврзана со 400.000 мкд дневен приход во буџетот што ќе се добие од зголемувањето на даноците. Тоа е политика која ќе се состои во следното:

1. Сите Македонци по род без разлика на нивното државјанство во играва ќе можат да ги посетуваат УДАР каналите и да добиваат рефунд.
2. Сите Македонци со Македонско државјанство кои се членови на паравоените единици ќе имаат право да ги посетуваат УДАР каналите и да добиваат рефунд + ќе имаат право да добиваат ЗАДОЛЖИТЕЛНИ 10 тенкови дневно кои јас ќе ги делам.
3. Сите Македонци со Македонско државјанство кои ќе бидат членови на државната војска односно АРМ (Единицата Тигри ќе го смени своето име во АРМ и ќе стане државна војска) и ќе носат аватар на АРМ ќе имаат право да учествуваат на УДАР каналите и да добиваат девен рефунд + ќе имаат право на 20 ЗАДОЛЖИТЕЛНИ тенкови кои јас ќе ги делам.

Во играва постојат и македонци по род кои имаат не Македонско државјанство но сеуште се членови на Македонски паравоени единици. Тие Македонци иако се во мал број ќе бидат дел од втората група.

Простата математика го кажува следното: од Каналите УДАР дневно се дели околу 100.000 мкд (дури и помалку). На сметката на дневен прилив ќе останат уште 300.000 мкд кои ќе бидат потрошени за обновување на МПП со нашите сојузници и за набавка на 10.000 q6 тенкови кои секојдневно ќе се делат според погоре утврдената шема. Во овој момент неможе да се направи прецизна математика за q7 тенкови бидејки очекувам нивната цена да се спушти уште. Кога цената на q7 ќе се стабилизира ќе се делат и такви тенкови.

Значи економската политика и воената политика се испреплетуваат на тој начин што ДАНОК ПЛАЌААТ СИТЕ А БЕНЕФИТИТЕ ОД ДАНОКОТ ГИ КОРИСТАТ САМО АКТИВНИТЕ МАКЕДОНЦИ.



Со оваа политика очекувам многу Македонци да посакаат да се вратат назад во Македонија и да станат дел од АРМ затоа што ќе добиваат ЗАДОЛЖИТЕЛНИ 20 тенкови дневно + тенкови од УДАР каналите + тенкови што тие сами ќе си ги произведат. Така што секој АКТИВЕН Македонец ќе има можност да добие толку многу тенкови дневно што сите нема да може да ги испука.

Друго нешто што сакам да напоменам е дека капетаните на региите на сегашните Тигри односно идната АРМ своите регии ќе ги пополнат со војници кои припаѓаат на иста дивизија така да можат да им ги прилагодуваат дневните наредби таму каде што ќе има најмногу потреба.

Овие политики се креирани на таков начин да немора да одите на канал за да ги добиете тие ЗАДОЛЖИТЕЛНИ тенкови туку ќе треба едноставно да оставите коментар на статија што јас дневно ќе ја објавувам. На тој начин ќе заштедиме на бирократски процедури а делењето на тенкови ќе биде повеќе од транспарентно.

- Внатрешни односи и зацврстување на Македонскиот дух и единство -

Со самото тоа што најголемиот дел на Македонци ќе се вратат во Македонија и ќе станат дел од АРМ за да добиваат толку многу тенкови ќе добијат чувство на припадност кон една фамилија која се грижи за нив постојано и која со посебни политики ќе им ствара чувство дека и тие треба да се грижат за неа.

Секојдневно ќе се стимулира објавување на мотивирачки статии според дадени критериуми кои ќе бидат полни со позитивна енергија и кои ќе бидат наградувани со 50 тенкови доколку освојат повеќе од 100 гласа.

Ќе биде стимулирано организирање на избор мис и мистер со донирање на врадни награди од буџетот на државата за сите учесници.

Ќе бидат донирани 500.000 мкд на бебињата од BABY SQUAD а играчите кои се препознатливи како хуманитарци ќе бидат јавно пофалувани и наградувани со оружје и храна.

Ќе бидat стимулирни дебатни и забавни емисии на Радио www.evsradio.tk



НАДВОРЕШНА ПОЛИТИКА

Надворешната политика ја делам на два дела и тоа:
- Воено економски сојузи
- Македонски колонии

Надворешната политика ќе биде комплетно променета. Доколку се вратиме неколку месеци наназад ќе се потсетиме дека со исклучок на некој месец од додавањето на Македонија на мапата ние сме имале сервилна политика спрема сојузот и поготово спрема Србија. Во кажи речи секој мандат Воените сојузи на кои сме биле членови воено не користеле максимално (нашите претседатели во минатото буквално се натпреваруваа кој повеќе ќе придонесе за повеќе за сојузот а тоа да биде на штета на Македонија). Ако направиме една статистика ќе видиме дека Македонија како приоритетни битки повеќе имала битки на свои сојузници отколку свои битки. Затоа концептот на Воени сојузи ќе се потрудам да го сменам и да го промовирам концептот на Воено-економски сојузи кој е поправичен и на Македонија многу и одговара бидејки историјата покажува дека како нација сме правични и ненаметливи. Во понатамошниот текст сакам да ја образложам суштината на Воено-економските сојузи и нивната разлика со Воените сојузи

- Воено-економски сојузи и разликата со Воените сојузи -

Целта и идејата на постоење на Воените сојузи е членките на сојузот воено да се помагаат и да се штитат. Оваа политика се злоупотребуваше од некои членки во сојузите каде што членуваше Македонија па нашата земја досега НИЕДНАШ не ја достигна колуминацијата во играва и добивање на 10/10 ресурси иако поголем дел од членките од нашите сојузи го доживеале тоа во некој миг од нивното постоење. Наместо нашите поранешни претставници во сојузите да се борат на дипломатски начин Македонија да добие 10/10 ресурси тие ја правдаа нивната дипломатска неспособност со фразата дека Македонија е во такво опкружување да неможе да добие 10/10 ресурси заборавајќи дека Србија која е наш сосед и дел од нашите сојузи многу често имала 10/10 ресурси.

Поради овие причини сакам да ја промовирам идејата на Воено-економски сојузи во кои значаен акцент ќе се стави на тоа која членка на сојузот колку ресурси поседува. Ваквиот сојуз ке има заедничка сметка на која сите сојузници ќе треба да донираат пари дневно или да користат од тие пари во зависност од тоа колку ресурси поседуваат. На пример:
- Ако земјата поседува 10/10 ресурси ќе донира 100.000 пари дневно
- Ако земјата поседува 9/10 ресурси ќе донира 90.000 пари дневно
- Ако земјата поседува 8/10 ресурси ќе донира 80.000 пари дневно
- Ако земјата поседува 7/10 ресурси ќе донира 70.000 пари дневно
- Ако земјата поседува 6/10 ресурси ќе донира 60.000 пари дневно
- Ако земјата поседува 5/10 ресурси нема да донира ни добива пари дневно
- Ако земјата поседува 4/10 ресурси ќе добива 10% од парите дневно
- Ако земјата поседува 3/10 ресурси ќе добива 20% од парите дневно
- Ако зејата поседува 2/10 ресурси ќе добива 30% од парите дневно
- Ако земјата поседува 1/10 ресурси ќе добива 40% од парите дневно
- Ако земјата е избришана ќе добива фиксна сума која ќе ја одредат сојузниците.

Ова е само предлог пример и не е конечна политика но е стабилна основа за водење на преговори со нашите сојузници за имплементација на идејата. Поделбата на пари на земјите кои имаат помалку од 5 ресурси немора да биде процентуална туку може парите да бидат во номинален износ. Или доколку во моментот нема земји кои побаруваат пари за ресурси тогаш тие суми можат да се поделат на останатите земји или да бидат сочувани во фондот за избришаните земји или за оружје кое ќе послужи во клучни битни. На овој начин мислам дека надворешно пилитички пасивните земји како што е Македонија која неможе да се избори за доминација во сојузот и добивање на 10/10 ресурси нема да биде потчинета во сојузот туку ќе добива економска сатисфакција доколку си остане на своите природни 3/10 ресурси.



- Македонски колонии -

Ќе стимулирам играчи Македонци по род (или сојузници кои ќе ги прифатат нашите колонизаторски политики) кои имаат организациони способности за да станат претседатели на други држави. Секој претседател на држава кој ќе ги слуша моите совети и ќе ги прилагоди даноците на неговата држава како што ќе му кажам за да добива дневно 400.000 пари прилив во нивниот буџет ќе му гарантирам дека Македонија ќе ја зштитува неговата држава воено и нема да му дозволи да биде избришана и оставена без Конгрес и секој ден на негова лична сметка ќе бидат префрлани 100.000 пари кои тој ќе има право да ги троши како сака (да ги подели со неговите соработници конгресмени и членови на неговата партија кои му помогнале со гласање да стане претседател на таа држава), а тој ќе треба секој ден на сметка на НБРМ да префрла 400.000 пари од буџетот на таа земја или од нивната Банка на сметка на НБРМ да префрла 300.000 пари задржувајќи си 100.000 за себе.

Оваа политика ја оправдувам со тоа што најголемиот купувач во играва е БОТОТ на Плато. Доколку се прилагодат даноците на Македонската колонија така како што ќе кажам ќе се овозможи со извезување на Македоснки производи во таа земја да се остварува приход во буџетот од 400.000 пари. Практичен пример дека таква земја може да постои и со 100 жители да остварува 400.000 пари приход во буџетот беше Индија која ја следев одблиску бидејки бев Македонски амбасадор таму и имав Индиско државјанство.

Во Азија и Јужна Америка постојат држави кои имаат помалку од 100 активни жители а кои моментално се избришани или немаат Конгреси. Потребно е групи на Македонци да се организираат за да ја преземат власта во тие земји и да ги прилагодат даноците по шемата која јас ќе им ја кажам за да добиваат приход од 400.000 дбневно со помош на ботот на Плато.

Доколку Македонија добие само една колонија тогаш приходите во Македонскиот буџет ќе се зголемат за 300.000 мкд што ќе значи нови 10.000 тенкови односно ДВОЈНО ПОГОЛЕМА ПОДЕЛБА НА ТЕНКОВИ НА УДАР КАНАЛИТЕ, НА ВОЈНИЦИТЕ ОД ПАРАВОЕНИТЕ КОИ ЌЕ ДОБИВААТ ПО 20 ТЕНКА ДНЕВНО И НА ВОЈНИЦИТЕ НА АРМ КОИ КЕ ДОБИВААТ 40 ТЕНКОВИ ДНЕВНО.

НАПОМЕНА: Свесен сум дека анархистите, турбофолкерите и нивните клонови немаат капацитет да осмислат еден ваков систем според кој Македонија економски ке се издигне и ќе го возобнови својот Македонски дух и ќе ги замолам ако се против овој систем да измислат нивен кој ќе понуди подобри решенија или решенијата на овој систем аргументирано да ги оспорат.

На ликовите кои не ја прочитале статијата а коментираат на истата нема да им реплицирам.



На оние родени од старамајка што сакаат да стават шаут:

>>Кандидатура за претседател > Smekerot
http://www.erepublik.com/en/article/-gt-gt-lt-lt-gt-gt-smekerot-lt-lt--2091048/1/20