Претседателско обраќање + отчет [goLdeNNN II]

Day 4,186, 11:21 Published in North Macedonia North Macedonia by Narodna Banka na Makedonija


Добро вечер Македонци,

Не знам од каде да го започнам обраќањево пошто има многу за пишување, малку време, а и верувам дека вас не ви се чита предолга статија.

Ќе почнам од војната со Хрватите . Тешка војна, многу на малку, имавме 3 пати помалку пакеташи меѓутоа успеавме да земеме 2 епика во д4. Малце потфрлија неколку тенкови во првата рунда, меѓутоа нема и не смеам да кривам никого поради фактот дека војната беше на ден пред Велигден.
Првиот д3 епик го изгубивме за 0.05%, таа рунда направивме околу 1.1 трилион штета во д3, а потрфрливме со префрлање во Д4 каде што успеавме да анулираме разлика од 30% за 2минути меѓутоа не успеавме да го префрлиме ѕидот(фалеа 30тина секунди :/). Лош старт, 19-0, а можеше да биде поинаку да не потфрлевме.

Втората рунда беше малку полесна поради тоа што нивните мултиња издишаа према нашето тенкање, меѓутоа се уфрли чичко Коле и направи 150 билиони штета за Хрватите. Не сум сигурен дали го добивме епикот во д3, знам само дека неговата помош во д4 не им беше доволна и тој епик го добивме.

Третата рунда веќе издишаа комплетно нивните мултиња и пред воздушната рунда имавме предност.

Воздушната рунда беше одлучувачка. Направивме нов светски рекорд од 280 милиони штета во авио рунда. Имавме огромна помош од сојузниците, го имавме и ѕидот скоро цела рунда меѓутоа нивната бројност во однос на пакетите и организираноста беше решителна па ја изгубивме авио рундата.




После авио рундата решивме да ја пуштиме битката и да чуваме резерви за понатамошни борби поради тоа што беше не возможно да се добие натака.



По војната изгубивме неколку колонии, Англија, Франција и Нов Зеланд. Беше нешто што ни беше јасно дека ќе се случи доколку влеземе во јака војна со Хрватите, меѓутоа бевме решителни и очекувавме помош од Астерија, т.е дека они ќе ја превземат понатаму војната и ќе ја завршат во наша полза. За жал Астерија потфрли. Пропагандата на која што предупредував месеци уназад предизвика хаос во Астерија, па така пола Астерија земји не влегоа во војна, а од Про-Астерија речиси никој не влезе во војната. Бевме оставени сами како сојуз Хидра + Романија, Србија и Бугарија да се тепаме со цел свет. Факт е дека односите помеѓу земјите членки на Астерија не е добра, меѓутоа е и проблем кој што трае подолго време.
Нашиот сојуз Хидра влезе заедно во војната, сите испукавме максимум и работиме кон зајакнување и закрепнување од војната.

Збор два околу воздушниот удар над Кипар. Требаше да испадне операција поддржана од Астерија, меѓутоа пак потфрлија нештата и испаднавме сами да пуштиме АС. По договор со војската испукавме само една рунда, да го истрошиме митре и прекинавме. Во некои подобри времиња ќе се навратиме на нив.





Во врска со ресурсите што се потрошија во војната, потрошени беа сите 20 000 тенкови, дури и нешто повеќе, меѓутоа немам доказ за сите. Дел од донираните тенкови се во коментари на постовите на државен ѕид, дел по пораки ин-гејм, вибер, телеграм. Мала грешка што не најдов човек кој ќе ги дели тенковите, па така немам докази за сите. Повеќето се тука:



Во авиото се купи штета од неколку странци, а исто се плаќаше пари на Македонци по цена 100 000 денари за 1 милион штета.



Кога веќе давам отчет ќе ги ставам и сликите од другите трошоци кои што ги имавме во изминативе месеци т.е враќање на данок на тренинг партнерите, рента и слично.



И останува уште трошокот за КО за Србите од 2ри мај:






Во моментов немаме некои големи трошоци, ни остана уште тренинг војната со Индија и тренинг војната со Белорусија. На двете држави враќаме данок, а плаќаме и рента еднаш месечно. Рентата спрема Индија е зголемена од претходниот месец и сега изнесува 50 000 денари, а рентата спрема Белорусија е 130 000 денари.

Повеќе за договорот со Белорусија
https://www.erepublik.com/en/article/-mofa-belarus-rental-agreement-starting-day-4-153-2695915

Се на се во банка се останати околу 5.3 милиони денари.





Што понатаму?
Со оглед дека скоро целосно ја изгубивме војната, а нашиот сојузник Франција е окупиран, нашите напори ќе бидат кон ослободување на Франција и опоравување од војната. Не знам како ќе го изведеме ослободувањето на Франција поради тоа што во цел сојуз моралот е опаднат, а се повеќе играчи се откажуваат поради високата цена на пакетите. Знам само дека и во минатото скоро секогаш кога ќе ни тргнело нешто од рака, админите наоѓале начин да не за*бат, меѓутоа секогаш сме изнаоѓале начин да се вратиме во игра. Можда ќе бидат потребни недели, месеци, меѓутоа знам дека ќе се вратиме на големата сцена во наш стил!

Админите одамна имаат кажано дека играва им служи за спонзорирање на други игри, од овдека само гледаат да молзат што е можно повеќе, меѓутоа во моментов тоа е претерано, самите одат против своите механизми т.е дозвола за управување на голем број акаунти од страна на еден играч кој што по логика е виза играч, дебел, се бања еднаш неделно и освен еРепублик нема друга занимација во животот поради тоа што и нема живот.

Нема да пљукам премногу во статија од службен весник па така ќе ја завршам на мирен начин. До советите упатени од дијаспората, ефхаристо поли меѓутоа не сте требале, гледајте си ја вашата Маика и сладете се. Ако веќе збориме за научна фантастика и како би го вратиле времето, тоа сигурно не би било кога Астерија доминираше низ светот и кога немавме ниеден сериозен противник за разлика од сега кога имаме барем 4 силни противници. Бев и тогаш тука и знам како се изменија работите во последниве 12 месеци. Пред нас се тешки времиња, но како што рече Јове во еден шаут, во мака јунак се познава, па така со глава горе продолжуваме кон нови предизвици.


До наредно читање
Претседател на еМакедонија,
goLdeNNN II