Резултатите од еПописот [EDIT]

Day 1,449, 15:24 Published in North Macedonia North Macedonia by Dushko Avramovski


Почитувани читатели!

Како што знаете пред една недела започна акцијата и првиот(успешен) еПопис во еМакедонија. После една недела анкетирање на дури 752 еЖители дојдовме до самиот крај и време е за резултатите! За разлика од Р.Ж. овде нема одложување 😛

Важно да напоменам една работа, секако добро е познато(сите сме свесни за тој проблем) е да има многу несовесни и многу кои и не ги внеле вистинските или соодветните одговори на поставените, едноставни, прашања. Од таа причина овие резултати колку се веродостојни неможам ниту јас ниту некој друг да докаже, сепак ова е само онлајн игра. Но од причина што верувам во еМакедонците се решив на ваква екстремно обемна акција, да не верував немаше ни да се обидам да ја спроведам! Секако дека има некои кои пишувале глупости но тоа се само 1%. Сепак оваа акција верував ќе донесе огромна база на податоци кои тек допрва треба да се разработуваат и ке послужат за подобра еМакедонија. Тоа беше мотив плус!
Се надевам(немора јас) догодина, да сме здрави и живи, ќе се појави и вториот еПопис кој ке биде уште помасовен!
____________________________________________________________________________

Да започнеме...

Во еРепублик првите еМакедонци не се појавија со додавањето на еМакедонија на 7 Октомври 2010, еМакедонци имало од пред 3 години(кога и ја бев еИндонезиец) , или 1 година по креирањето на овој Нов Свет. Ова го кажувам за оние кои не се толку запознаени, верувам повекето се, и се чудат доколку видат податоци на еМакедонци кои датираат од 2008 или 2009.

- Во овој прв еПопис се пријавија точно 752 играчи(еЖители) и би сакал во прилог да ви ги доставам имињата на сите оние кои го сторија тоа.
(доколку сликите имаат лош квалитет, отворете ги во нов таб)



____________________________________________________________________________

Од тоталниот број 752 еЖители кои се попишаа, 748 се изјаснија по прашањето на која националност припаѓаат, или:

- Македонец 732
- Албанец 2
- Турчин 4
- Србин 6
- Русин 1
- Ром 1
- Влав 2

Процентот на македонци е огромен!



____________________________________________________________________________

Кога во прашање се годините, овојпат само 719 еЖители се изјаснија. Годините се движат од 11 до 50. На најниската имаме 3 житела(11г) и сите тројца започнале да играат оваа година, додека педесет годишниот еЖител е член од Октомври 2010 за време на најголемиот Бејби Бум, месец во кој според пописот најмногу играчи досега што се пуштиле во еден месец, попишани (најмногу) 171 играч, но за тоа ке пишувам подоле.

Во прилот ви прикажувам две слики на кои ќе можете да ѓи видите податоците во врска со годините.



И нивниот процент...



Просечната возраст на еМакедонците изнесува 22 години и 223 дена

____________________________________________________________________________


Градовите...
Кога сме кај градовите, имаме дури 53 градови од каде ни доаѓаат еМакедонците. Се изјаснија 744 играчи. Да не ве држам во неизвеснот кој град има најмногу, кој најмалце, ке ви ѓи кажам ТОП 3(4) пред да ви ги приложам сликите.

1. Скопје 324
2. Струмица/Битола 41
3. Прилеп 38

Градови кои имаат 10 или над 10 играчи.



Сите останати имаат под 10 играчи. Такви се:
- [1] Крушево, Берово, Богданци, Валандово и Демир Хисар.
- [2] Македонска Каменица, Македонски Брод и Пехчево.
- [3] Крива Паланка
- [4] Делчево
- [5] Виница, Пробиштип, Св.Николе и Кратово
- [6] - // -
- [7] Кавадарци
- [8] Ресен
- [9] Неготино

Верувале или не дури 20 од 53 градови се надвор од границите на Македонија. Тоа се градовите:
- Монтреал, Неиве, Чикаго, Вашингон, Пијаченца, Чаниа, Стокхолм, Софија, Атина, Белград, Будимпешта, Лозана, Лимасол, Канели, Клифтон, Перт, Тампере, Мерано, В.Шенинген и Астрахан.
Интересно е што од сите овие градови, двајца наши еЖители се сограѓани, во градот Пијаченца 🙂

Меѓу овие градови надвор од границите на Македонија играат точно 20 играчи попишани. Просекот на нивните години изнесува 23г. Од овие дваесетмина дури седум се приклучиле дури во 2011 година кои базично како нови играчи сепак се доста економски развиени па и по моќноста дури 10 од нив се со +7000 сила што укажува на тоа колку голд е потрошено, тоа не е во моја надлежност во овој случај. Меѓу нив се наоѓа и единствениот акаунт кој е започнат во 2007 година на 29 Ноември, неговиот левел е 63, ке се изразам во стилот на Амди Бајрам, 108.5 посто верувам веќе знаете за кого станува збор!

А ова се процентите....


____________________________________________________________________________

Кој кога се приклучил...

Сите знаеме кој и кога беше најголемиот Бејби Бум! Октомври месец 2010 година. Тоа е месецот кога најмногу играчи се приклучиле, и најголем број сеуште играат денес. Според мене, тоа е во голема мера силата на еМакедонија. Веднаш после него следи месецот Јануари од 2011 година со 119 нови еЖители кои сеуште играат активно.



Еве повеќе податоци за тоа која година донела најмногу играчи, и кој месец, одделно.



____________________________________________________________________________

Нешто повеќе за распоредот на силите...



____________________________________________________________________________

Кога сме кај тоа, каква е економската ситуација кај граѓаните, мислам дека според следната слика можете доста добро да заклучите. За тоа кој колку фирми поседува, и какви...



Можете да забележите дека q5 фирми има само 80 или 10% од тоталниот број на анкетирани играчи.

____________________________________________________________________________

Колку од попишаните се членови на воена единица ?



____________________________________________________________________________

Како за крај, половата разлика...



____________________________________________________________________________


Уште нешто...
Малку разочаран но задоволен од постигнатото...ова се најдеталните информации со кои можев да искочам, нажалост! А имав многу повеќе параметри зацртано но неискреноста и несериозноста си го прават своето. Сепак беа анкетирани 752 играчи и за обработка на податоците, средување на истите претходно, одзема многу време и беше потребен многу труд. Јас една вечер се откажав и легнав да спијам а Мартин Ташкоски на фб ми праќа примерок, дали било ОКЕЈ! А бе легнувај викам очи ми паднаа 😃

Овие информации, ЌЕ КАЖАМ УШТЕ ЕДНАШ, не знам ниту јас ниту било кој друг, колку истите се веродостојни! Ова е сепак игра.

Имаше и такви, несовесни кои ни ја отежнуваа работата, и пишуваа најразноразни глупости па ни беа потребни часови и часови средување на податоците. Податоците се строго доверливи и истите се недостапни за било кој друг. Податоците се ВЕРОДОСТОЈНИ бидејќи за неа сведочат квалитетот, а не квантитетот. Зборот ми е следното:
- Не треба да има 4000 за да бидат информациите релефантни. Секогаш велам, дека ништо не е случајно и секое зашто има и затоа! Према тоа вие сакале или неќеле но анкетирани се 40% (по мое мислење) од тоталниот број на секојдневните, активни, играчи. Што значи активни и постојано на еРепублик има околу 1500 до 2000 максимум. Остатокот според мене се 50% мултија и 50% неактивни или пак некои кои едвај стигнале до 20ти левел. Па да дојдеме до бројка од 6000-7000.

Во пресрет на овој еПопис, мора да напоменам дека не подржа Дон Тас, димза, данакмкд, мојата единица Демони и многу други...ФАЛА ВИ!

И секако, ова немаше да го исполнам доколку Мартин Ташкоски не ми помогнеше! Ова го направивме заедно!