[Ambassador] Актуелни случувања во еСрбија

Day 1,284, 17:42 Published in North Macedonia North Macedonia by NENODS1989

Пинг-Понг војната помеѓу "вечните" непријатели еСрбија и еХрватска и заврши со мировен договор.Како што дознав од некој извори и статии еСрпскиот народ сака мир со еХрватска но разумен мир по разумни услови каде што нема нема да ги продадат своите сојузници за еден обичен мир.
Во мировниот договор не се спомнува нигде еМакедонија,што и секој човек би видел дека еХрватска ке тргне во напад против еМакедонија или еСловенија.
За потпишување на мировниот договор еСрбија мораше да се договори со еСловенија за отстапување на регион на еХрватска за кој ке добиваат надоместок од 50 златници,а истото се случи и со еБосна со тоа што ке биде под окупација на еСрбија но и ке имаат еден слободен регион. eХрватска се откажува од претензиите спрема еЦрна Гора и еСловенија.
Следниот план што еСрбија веќе почна да го реализира е нападот на еБугарија коа според мое мислење ке биде освоена.
Ова се актуелните случувања во еСрбија за други интересни и корисни информации ќе ги објавам штом ке дознаам.


Со почит
NENODS1989
Амбасадор во еСрбија