Државна Катастрофа [Achkoeoeo]

Day 1,801, 08:32 Published in North Macedonia North Macedonia by aljupce
Achkoeoeo ме замоли да ја објавам статијава.

Во оваа статија сакам да искоментирам за работата на сегашната влада и катастрофалното водење и поигрување со обичниот граѓанин(народот).


Она што можев да го забележам и што можев да го дознаам во овие недела дена беше доволно за да сфатам дека нашава еТатковина не мрднала ниту чекор кон подобро,туку уште повеќе и повеќе се уназадува.Доаѓањето на власт на Сајрус и неговиот тим претставува еден вид на реформа бидејќи самото доаѓање на ПанзеР на власт е нешто невидено.


Секоја претседател се залага за да ги оствари своите планови што си ги зацртал и објаснил во неговата кандидатура.На кратко зацртаните цели на Сајрус и неговиот тим:

- Отсекување од Америка поради можност за напад и губење на ресурси.Со ова отсекување би останале на 9/10 ресурси

- Подобрување на односите со Србија,Унгарија и Бугарија со цел да станеме уште подобри сојузници

- Создавање на Македонска Армија

- Залагање за бејбибум



Да се навратиме назад во реалноста.По поразот од Америка која што беше потпомогната од страна на Полска.Oстанавме на тоа што го имаме денес 7/10 ресурси.Паралелно нашиот северен сосед Србија ужива во 6/10.Очигледно Србите неможат да се помират со нивната состојба во која што се наоѓаат и по којзнае кој пат играат на картата МАКЕДОНИЈА.Уште еднаш тие ни го вадат низ аналн*от отвор нивното помагање пред 4 години и како тоа тие ни биле најдобри сојузници.Искрено овие северниве успешно си ја работат својата работа затоа што им го спопикаа буквално на секоја наша влада,а ние повторно клекнуваме на колена и отвараме уста.

Претседателот постави референдум за да одлучите за Апулија.Колку е валиден овој референдум мене не ме засега,но одлуката беше да се даде.Тоа според мене е непромислен потег,но јас сум небитен сега.Србија добива 9/10 ресурси додека ние изнајмуваме регион на Црна Гора по цена од 10.000 МКД дневно плус да се платат МПП-та што ќе ги изгуби ЦрнаГора.Претседателот овој потег го оправдува со тоа што тој смета дека нашиот северен сосед преку тие региони ќе отвори војна со Грција.Исто така тој смета дека ние не би можеле сами да се носиме со Грција и заради тоа мораме да се одлучиме на ваков чекор.

Втората причина за давањето на Апулија е затоа што преку неа ќе бидеме мета на други држави и нема да имаме доволно финански средства за да ги издржиме тие битки.Сега би сакал јавно да го запрашам нашиот драг Претседател како тоа немаме средства за наши војни и интереси,а имаме за да им се помогне на нашите сојузници кои што кога нам ни беше потребна помош само ги завртеа главите и немо набљудуваа.Јас разбирам што значи зборот сојузник и дека треба да се помага на истите,но и тие треба да разберат дека треба да ни се помага на нас.



Трета работа што не ми се допаѓа во оваа влада е тоа што е недоволно јасна во своите ставови и цели.Откако им се срушија првично направените планови,тие ниту се изјаснија кои се новите цели на оваа држава.Под помагање на сојузници без никакви бенефиции за нашата држава јас не гледам ништо друго освен непромислен трошок.Народот е тотално неинформиран,и ни самиот незнае што му се случува.

Последната објава за наредби од Министерството за Одбрана (кои го сочинуваат : GoodBeer и Mandanata) е на ден 1790.Последно нешто од претседателот е во врска со МПП-то со Чешка,напаѓањето на Франција,и изнајмувањето на регион од ЦрнаГора.Во ова обраќање немаше било какво објаснување за тоа што ќе се прави во иднина,која е целта на сево ова итн.Ако ми одговорите дека целта на сево ова е Србија и Унгарија да си ги ладат ј*јцата,додека ние се потиме за нивни ресурси тогаш можете сами да заклучите дека некој си игра со вас.

Зошто ние сме секогаш во позадина,зошто секогаш сме нечива во кукла ? И да не сме доволно силни во штета не треба да ги спуштаме главите доле и да викаме само ДА.И ние имаме право да си кажеме што мислиме макар и да би седеле на 3 или ниеден ресурс.Но ова е невозможно затоа што едни исти луѓе се цело време на власт.Кога веќе видоа дека неможат повеќе повлекоа некои од страна кои веднаш се фатија за орото и искрено многу лошо го изиграа.


Престанете да си играте со уште 2000 други глави за да зимате по 50 или 100 голд.Не ве личи да си ја газите својата земја макар и на виртуелна игра.Кажете кои сме и кажете го она што го мисли народот.Ако треба и ќе се борите до последно чоколатце и базука.И да изгубиме во таа битка верувајте тој пораз ќе биде многу посладок и ќе ве направи многу погорди отколку овие срамни потези што ги превземате и не го информирате народот за истите.Сфатете вие сте избрани од овие 2000 играчи и треба да ги застапувате нивните интереси,а не вашите лични.И остварете го тоа што сте го ветиле,ако не можете поднесете си оставка и оставете некој друг што е способен да го стори тоа.Во најмала рака не ветувајте нешто што не сте способни да го остварите.Имате уште десетина дена да се подобрите.

Апокалипто ја даде Апулија,а вие цела Италија !!!
Македонија на Македонците !!!
Интересите на народот пред се !!!



Ваш почитуван,
Achkoeoeo