Посветувам 5, 6, 7 часа дневно за еМакедонија

Day 1,069, 15:01 Published in North Macedonia North Macedonia by Boris Sarafoff

Интервју со еден од најпознатите и најјаките играчи во еМакедонија: Drashhh III Makedonski.
Човек кој на редот од своите медали ги има скоро сите собрани во боја.. Да видиме што има да каже овој наш борец... Човек кој е и кандидат за конгресмен на утрешните избори..


Гласник на Македонија:
Од кога играш еРепублика?
Drashhh III Makedonski:
Ете вака, еРепублик играм од Септември 21, 2009 година или од 671 ден од Новиот Свет. Значи година дена и еден месец со полна пареа!

Гласник на Македонија:
Колку време вложуваш во играва?
Drashhh III Makedonski:
Па зависи од моите дневни обврски, инаку некаде околу 5-6-7 часа можеби дневно. Моменатлно имам многу РЛ обврски така да немам многу време ко што имав порано. Али сепак тука сме.

Гласник на Македонија:
Дали на почетокот ти се случуваше да ти биде досадна?
Drashhh III Makedonski:
Не, напротив во почетокот ми беше многу интересна. Понатака летово 2010 готов бев да се откажам од играта бидејќи ја немаше Македонија. Но, по долго време чекање, не вметнаа и сега е многу поинтересно.

Гласник на Македонија:
Дали лесно ги научи правилата и како?
Drashhh III Makedonski:
Правилата лесно ги научив, ги прочитав од форумот на еРепублик.

Гласник на Македонија:
Дали има финти кои можат да ги научат другите играчи за да бидеме успешна држава?
Drashhh III Makedonski:
Ух, финти... Не би рекол дека има финти во играва, али имаше некои за разменување на злато на монерати маркет преку кои се збогатуваше, ама никогаш не сум користил ниту пак имам намера да користам финти.

Гласник на Македонија:
Што мислиш за политичката ситуација во еМакедонија?
Drashhh III Makedonski:
Мислам дека е добро што сите македонци сме во една партија и што се одбранивме од обидот за ТО од некои националисти од Бугарија. Но, сега претстојуват конгресменските избори пред нас, па доколку освоиме тоа што сме намериле би рекол дека сме на добар пат.

Гласник на Македонија:
Дали е добро што има една доминантна политичка опција?
Drashhh III Makedonski:
Да, во моментов да. Мислам дека ако сакаме да опстанеме барем во првите месеци додека да се зајакне македонската држава многу е битно да сме обединети меѓу себе. Самото име на партијата Обединета еМакедонија ни го кажува истото, преку единство до слава и успех!

Гласник на Македонија:
Кои ќе бидат предизвиците на новиот конгрес?
Drashhh III Makedonski:
Предизвиците на првиот конгрес ќе бидат што поуспешно да се изградат темелите на нашата држава.

Гласник на Македонија:
За каква економска политика се залагате?
Drashhh III Makedonski:
Па како прво секако да се стабилизира денарот и монетарниот маркет. Потоа донесување на закони за извоз и увоз, во и надвор од земјава. Што повеќе работни места во државни компании и привлекување на странски инвестиции (тука веќе како нашиве РЛ политичари сум)

Гласник на Македонија:
Дали сакате да им порачате нешто на нашите соиграчи?
Drashhh III Makedonski:
Па би сакал посебно на новите играчи да им порачам да ги слушат советите на постарите играчи, да играт фер и чесно, да бидат што е можно поактивни, да поканат што е можно повеќе пријатели и секако да се забавуваат и да уживаат во играта.

Почитувани, ќе продолжиме да ги интервјуираме најзначајните и најискусните играчи во еРепублика. Но она што ќе е интересно е тоа што после одржување на утрешните избори ќе продолжиме со интервјуирање на избраните конгресмени. Тоа ќе е добра можност за да ги информираме сите играчи што се работи и што се планира со еМакедонија...

За да бидеме поуспешни, ве молам, гласајте за овој текст и претплатете се на овој ГЛАСНИК НА МАКЕДОНИЈА.