За трагедијата, за 5те изгубени животи

Day 1,611, 01:25 Published in North Macedonia North Macedonia by Pero Nakov BB

Гледајки колку вжештени глави има, како истите играат точно како што некој замислил, решив да ја напишам статијава која е мое лично видување на нештата.

Без многу да должам, би запрашал: кому му одговара да ја нема Македонија?

На Бугарите - не, зошто ќе го изгубат и она малку влијание што го имаат на овие простори.

На Албанците? Ова е малце сложено прашање. На Албанците од Албанија, баш и не им е многу гајле, си имаат свои проблеми. На нашите Албанци, според мене за големо мнозинство од нив би рекол НЕ, бидејки се свесни дека државата многу им дава и како етничка група, но и како сервис - па далеку подобро функционираме и од Косово и од Албанија и за разлика од Косово и Албанија, тука се живее подобро. Има правила, има поголема сигурност, има подобро здравство и сл. Се разбира, има тука дел вжештени глави кои работат на растурањето на Македонија, но мислам дека се малцинство.

На Србите - не, зошто немаат никаков интерес, а ни моќ, повторно да ја направат Македонија - јужна бановина.

На Грците - да, големо да.

На Косоварите, официјално НЕ зошто ќе го изгубат имиџот што се трудат да го изградат како конструктивна и мирољубива држава, а без тоа многу лесно може да се случи тие да ја изгуат нивната држава и крефката пордшка од меѓународната заедница. Неофицијално, доктрината за голема Албанија (а и криминалот што стои позади неа, уствари станува збор за взаемна спрега) е премногу јака во Косово, така да е можно одговорот тука да биде ДА, задскриено зад официјалното НЕ.

Е сега како е најлесно да се растури Македонија?

Јасно, удри на меѓуетнички односи. Мислам дека тепачките од пред 1 месец беа вовед во тоа. Спред мене, нарачател од странство (Грција преку Косово, други големи сили, сеедно, има премногу странски разузнавачи на ова подрачје) или организирана група од екстремни Албанци (кои мислам дека се малцинство на овие простори) си поигрува со вжештени глави и ги подбуцнува, надевајки се дека ќе активира спирала и ќе настанат верижни судири што ќе ескалираат во конфликт. Се покажа дека општеството нема доволна поларизираност за нов конфликт (види погоре кај анализата за Албанците зошто). Значи првиот обид е неуспешен.

Обид 2: Убиството на невини луѓе што се случи пред некој ден. Поради избраната локација и стереотипите, јасно е дека прстот ќе биде вперен во Албанците. Од професионалноста на изршителите, пак се гледа дека тоа не е акт на обични граѓани Албанци.
Во идеално сценарио за нарачателите, следуваат нереди и одговор од нашите вжештени глави, по можност со некоја невина жртва од нивна страна (како што можеше да се случи во походот кон Битпазар), на што ќе следеше одговор од нивна страна итд... И со секоја итерација, поларизираноста на населението ќе е се поголема додека не се постигне критичната точка, да зовријат работите и да избувне граѓанска војна.
Нашите патриоти очигледно одлично ја одиграа својата улога, иако веројатно несвесно и без размислување.

Она што можеме како општество да го направиме е да го кажеме нашето НЕ за насилство преку организирани митинзи за подршка на мирот и соживотот.
Да оставиме службите во државата да се фокусираат на расчистување на убиствата, наместо на одржување на ред при вакви насилни „протести“. Да не играме како што замислиле насилниците, да не дозволиме државата да оди во бестрага. Сеедно дали сме Македонци или Албанци.

А за вжештените глави, да се запрашаат дали ново убиство на невини Албанци може да се оправда со предходното убиство на невини Македонци? Дали тоа ќе го направи помалку погрешно?