Во водство Обединета еМакедонија, ВМРО со 4 места во когресот

Day 1,070, 04:30 Published in North Macedonia North Macedonia by Boris Sarafoff

Како што стојат во моментов работите, изборите се регуларни.
Во моментот на пишување на овој текст на изборите во еМакедонија на гласање излегле 187 граѓани на еМакедонија.
Тоа е мала бројка. Со оглед дека Обединета еМакедонија сама има 499 членови, состојбата во моментов не е розова.
Во моментот гласовите се поделени вака:
Обединета еМакедонија има 158 гласа;
ВМРО има 27 гласа.
и 2 гласа за веќе непостоечката партија...

Доколку во моментот бидат заклучени изборите:
Обединета еМакедонија би имала помеѓу 25 и 27 членови на Конгресот,
а ВМРО би имале или 3 или 4 членови на Конгресот.

Очигледно е дека поедини играчи го добиваат најголемиот квантум од гласови. Тоа се они најстарите и најискусните. Но за подолу поставените кандидати на Обединета еМакедонија сеуште нема силна подршка.

Се надеваме дека до крај на денот се ќе помине во најдобар ред.

Ние повторно ќе ве известуваме, а вие претплатете се на ГЛАСНИК НА МАКЕДОНИЈА