Ајде дедо кажи уште една ... 2...

Day 1,209, 17:29 Published in North Macedonia North Macedonia by Egeeec

Поучни приказни и слчки од животот и за животот ,уживајте !


1.Еден човек сретнал на улица друг човек со само еден чевел.
„Си го загубивте чевелот господине?“
„Не,само еден најдов’’ - му рекол другиот.

Ако нешто е очигледно,не значи и дека е и вистинито.


2.Професор по филозофија влегува во амфитеартар и го поставува последниот испит пред групата.Го зема својот стол и го поставува на масата ''Ваша задача е да докажете дека овој стол не постои!''Студентите почнале да пишуваат да бришат да се повикуваат на веќе изученото.Само еден од студентите на големо изненадување на останатите станал после 30 секунди и го оставил своето мислење на масата.Дошол денот кога сите студенти ги добиле своите оцени.Оној со највисока оцена бил студентот со 30 секундниот одговор а одговорот бил:
''Кој стол?''


3. Еден ден еден богат татко го однел својот син да помине еден ден и една ноќ со едно сиромашно семејство кое нема пари да арчи како нив.
Следниот дена на враќање таткото го прашал својот син како го доживеал тој допир со сиромаштијата и што мисли за сето тоа.
Детето му одговорило
''Тато ова е едно големо искуство за мене .Видов дека ние имаме едно куче а тие четири.Ние имаме убав базен позади куќата а тие имаат река и рамнина по која тече реката.Ние имаме стаклен покрив а тие го имаат небото месечината звездите.Ние имаме убав двор со градина а тие цела шума .''
И додека синот ова го кажувал таткото останал вцудоневиден останал без зборови
И на крајот синот додал:
Ти благодарам тато што ми покажа колку всушност сме ние сиромашни.

4.Го прашува ученикот својот учител ''Како тоа луѓето со помалку пари повеќе се спремни да им помогнат на други а повеќето луѓе со многу пари не се такви?''
Учителот му се обратил ''Погледај низ прозорецот што гледаш?''
Ученикот рекол ''Жена со дете!''
Уцителот продолжиил ''Погледни во огледало ,што гледаш?''
Ученикот ''Себе си!''
Учителот одвратил ''Еее во тоа е штосот,двете и прозорот и огледалото се од стакло ама ако му се стави малку сребро зад него човекот ке се види само себеси!''

Лека ноќ Македонијо каде и да си 😃