Конечно е време за војна!?

Day 4,412, 12:27 Published in North Macedonia North Macedonia by Narodna Banka na Makedonija


Добро вечер ИМПЕРИЈО,

До вчера избришани, а денес империја. Од нигде никаде, од нула на врвот. Иако привремено, го сметаме ова за награда од Плато за трудот вложен и упорноста во претходната година. Ќе објаснам на кратко што се случуваше изминативе недели.

Се започна со воздушниот удар на Чиле во Италија. Целта беше да се ослободат Италијанците од окупацијата на Црна Гора, Албанија, Хрватска, Чиле, Бразил и Унгарија. Слетавме во средината, во Лацио. Од таму закон по закон, војна по војна без застанување за брзо ги исфрливме Црна Гора, Хрватска и Унгарија. Бразилците ги оставивме на Романија да ги довршат, а ние продолживме накај Шпанија. Меѓутоа, ден по ослободувањето на Италија, противничкиот сојуз со сите напори ги избриша Бугарите, па операцијата во Шпанија ја паузиравме и се фокусиравме на чистење на Балканот.

Очигледно прогласувањето на империја тешко им падна на противниците, па решија да ги свртат сите сили кон нас.

Утре не очекуваат четири војни во исто време! Чиле, Албанија, Грција и Турција. Филм кој веќе сме го виделе пред некоја година и за кој се надеваме дека ќе има ист исход.

Затоа спремајте се утре уште на смена на денот за одбрана на Империјата!

ПС: Секој коментар добива по 20 тенкови или 10 000 енергија за оние со послаба сила!





Со почит,
Премиер на еМакедонската Империја
goLdeNReborn